Македонија
Нимиц наредната седмица ќе ги добие ставовите за модифицираниот сет идеи
Амбасадорот во САД и преговарач во спорот за името меѓу Скопје и Атина, Зоран Јолевски, најави дека наредната седмица ќе ги добие ставовите на македонската страна за последниот сет идеи
„Како што знаете, специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц при неговата посета на Скопје и Атина презентира модифициран сет на идеи, при што беше договорено во август двете страни да ги достават своите ставови по истите. Модифицираниот сет на идеи внимателно се анализираше во овој период. Деновиве дојдов во Скопје каде во петокот и во текот на викендот имав одделни средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Во текот на ова недела ќе му бидат пренесени нашите ставови за модифициранот сет на идеи на медијаторот Метју Нимиц, како дел од континуираниот дијалог. По ова очекуваме медијаторот да не’ информира за неговите планови за следните чекори во разговорите за разликите околу името.“, рече амбасадорот Зоран Јолевски на прашањето за тоа кои се идните планови на одвиваа во преговорите за името со Република Грција, под медијаторство со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, амбасадорот Метју Нимиц. Амбасадорот на Република Македонија во САД, Зоран Јолевски, деновиве престојуваше во Скопје на консултации со државниот врв за следните чекори во разговорите за името. Средбите што деновиве тој ги имаше се во контекстот на редовните консултации и кординациии, при што од македонска страна уште еднаш е покажана посветеност во прговарачкиот процесот. Јолевски е амбасадор на Македонија во САД повеќе две години, а прговарач за името во спорот со Атина е од крајот на ноември минатата година. Неговото назначување дојде во период на намалена дипломатска активност во однос на спорот со Грција, откако поранешниот претседател Бранко Црвенковски неочекувано тогаш го разреши Никола Димитров од должноста.Тој претходно беше долгогодишен преговарач на Република Македонија со Светската трговска организација, како и шеф на кабинетот на покојниот поранешен претседател на државата Борис Трајковски.Минатиот месец, во интервју амбасадорот Јолевски истакна дека македонската страна внимателно ги анализира предложеите идеи кои досега не се комнетирани од двете страни. Како што тогаш нагласи, медијаторот Нимиц претпочита двете страни внимателно да ги анализираат неговите последни предлози за надминување на разликите околу името. „Пуштањето во јавноста на поединости кои не се финално договорени само може да му наштети на процесот. Исто така, мошне битно е да има единство и кохезија во Република Македонија, затоа што ова прашање е особено значајно за граѓаните.“, потенцираше на почетокот од јули Јолевски, кој и сега го задржува истиот став по прашањето на ткн. модифициран сет идеи предложени од Нимиц.Според Јолевски, македонската страна е поготвена активно да соработува со медијаторот Нимиц со цел да се изнајде заедничко прифатливо решение. Притоа, тој вели дека треба да се заштити дигнитетот, идентитетот и интегритетот на македонските граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

