Македонија
Премиерот Груевски се сретна со чешкиот вицепремиер Кохут
Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски денеска остварил средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Јан Кохоут, соопштуваат од кабинетот на премиерот
На средбата двајцата соговорници изразиле задоволство од одличните билатерални односи помеѓу Република Македонија и Чешката Република во низа на сфери од заеднички интерес, за што сведочат бројните остварени средби на високо ниво, како и отворената и континуирана поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија, стои во соопштението од Владата на Република Македонија.За време на средбата, премиерот Груевски ги презентирал главните непосредни приоритети на Владата во однос на европската интеграција до крајот на годината и тоа добивање препорака од Европската комисија за почеток на пристапните преговори, проследена со соодветна одлука од Европскиот Совет, целосна реализација на процесот на визна либерализација до крајот на оваа година и добивање акредитација за децентрализирано управување со средствата од ИПА програмата за преостанатите компоненти. Од страна на чешкиот министер Кохоут била реафирмирана јасната и недвосмислена поддршка што Чешката Република и ја дава на Република Македонија во процесот на европските и евро-атлантските интеграции.Во соопштението се додава дека на средбата двајцата соговорници размениле мислења и околу искуствата што Владите на двете држави ги имаат во доменот на справувањето со последиците од светската економска криза, при што била искажана и потребата од интензивирање на економската соработка помеѓу компаниите од двете држави, за што постојат добри предуслови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

