Македонија
Медиумите ги помешаа невладините „Деница”
ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите дека невладината организација што денеска во Општина Центар поднесе иницијатива за возобновување на црква на местото што се бара за возобновување на Бурмали џамија има поврзаност со пратеничката Бонева
Според податоци на Централниот регистар на Република Македонија, постојат две невладини организации со истото име – „Деница”. Едната е регистрирана во Скопје, и таа е онаа која ја поднесе иницијативата за возобновување на црквата „Свети Никола”, којашто според нив постоела пред на нејзините темели да биде изградена Бурмали џамија. Другата невладина организација о истото име е регистрирана со седиште во Струмица, од градот каде е потекнува пратеничката и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и каде беше кандидат за градоначалник на последните локални избори. Повикувајќи да се проверат овие информации, владејачката партија во својот демант на прилозите на неколку медиуми кои ја доведуваат Бонева во поврзаност со иницијативата на скопската НВО „Деница” ги карактеризира како невистинити и шпекулативни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

