Македонија
Причина за несреќата во Охрид пукање на една од сајлите на бродот, соопшти МВР
Министерството за внатрешни работи во денеска во соопштението во врска со вчерашната несреќа наведува дека таа се случила во 10 часот и 30 минути, наспроти Авто кампот „Елешец“, на околу 250 до 300 метри од брегот на длабочина од околу 6-7 метри
Бродот кој превезуваше група туристи патувал од Охрид кон Свети Наум, според првичните сознанија од извршените разговори до несреќата дошло откако претходно се чул продорен звук, кој од страна на очевидците бил опишан како нешто да пукнало во внатрешноста на бродот. Од извршениот увид и подводното снимање од страна на нуркачките екипи утврдено е дека пукнала една од сајлите на бродот по што истиот изглегол вон контрола и се навалил во десно, а набргу потоа потонал.Од страна на групата за интервенција од езерската полиција веднаш е излезено на местото на несреќата, при што е укажана помош на лица кои биле во водата и заедно со екипите на Единицата за брзи интервенции при МВР, од вода се извадени преживеаните патници, како и дел од телата на удавените. Во исто време од страна на нуркачи од Охрид, од водата и од бродот извадени се телата на удавените патници.По завршената идентификација утврдено е дека во несреќата животот го загубиле вкупно петнаесет (15) лица – патници од бродот: М.Г.Г.(1933), Ц.З.Г.(1961), М.К.И.(1941), Н.Н.П.(1953), С.Т.Д.(1947), Г.М.Х.(1987), Н.Л.Б.(1940), И.С.М.(1946), Г.Л.С.(1972), Г.Д.М.(1936), Д.М.Р.(1977), М.Н.Н.(1938), Л.Г.Н.(1941), Г.Г.Д.(1945) и П.П.К.(1946), сите од Р епублика Бугарија.Од страна на нуркачки екипи од езерската полиција е извршен преглед на потонатиот брод со цел пронаоѓање на други лица.Увид на лице место извршиле дежурен Истражен судија, Заменик јавен обвинител, Капетанија на пристаништа-Охрид и увидна екипа од СВР–Охрид. СВР-Охрид против лицата С.Ф. и В.У. пднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, затоа што не се придржувале кон прописите за безбедност на бродски сообраќај со средство за масовен јавен превоз и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето. Двајцата се предадени на Истражен судија при Основниот суд-Охрид од чија страна на првопријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

