Македонија
Македонија воспостави дипломатски односи со Боцвана под уставното име
Министерството за надворешни работи информира дека со потпишување заедничко Коминике, Македонија и Боцвана воспоставија дипломатски односи. Документот го парафираа шефовите на мисиите на двете држави при Обединетите нации во Њујорк, Слободан Ташовски и Чарлс Нтваге
Боцвана е 126-та земја со која Република Македонија воспоставила дипломатски односи под уставното име. Двајцата амбасадори го потпишаа и заедничкото писмо упатено до Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, со кое се доставува Коминикето и се замолува Генералниот секретар да го дистрибуира како официјален документ на ОН до сите држави-членки, што значи дека ќе го добие и Република Грција. По потпишувањето, амбасадорите при ОН го истакнаа заемното задоволство од овој чин, нагласувајќи ги заложбите за продлабочување на политичките контакти и интензивирање на економската соработка помеѓу двете држави. Начелно е договорена и билатерална средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Боцвана за време на одржувањето на 64-то Генерално собрание на Обединетите нации во втората половина на септември. Минатиот месец, Република Македонија воспостави дипломатски односи под уставното име и со Принципатот Андора.Република Боцвана, најголемиот извозник на дијаманти, е сместена на југот на Африка, со приближно два милиона жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

