Македонија
ДУИ ги напиша оставките за своите министри
Неџати Јакупи и Џеват Бучи од ДУИ ги подготвиле своите оставки на позициите министер за животна средина и заменик-министер за внатрешни работи. Се очекува тие до премиерот Никола Груевски да бидат дадени до крајот на неделава, откриваат извори од партијата на Али Ахмети.
Со тоа ДУИ, го почнува новиот бран на оставки преку кои ќе се менува владиниот состав, после оној во средината на јули, кога заминаа вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски, министерот за земјоделие Ацо Спасеновски, министерот за образование Перо Стојановски и други владини функционери.Според информации со кои располага forum.com.mk, Јакупи поради корупцијата во неговиот кабиент, а Бучи поради незадоволни резултати во секторот биле приморани од лидерот Ахмети да ги напуштат своите позиции во Влада. Освен нив двајца, оставка до петок би требало да понуди и државниот секретар во Влада Абудла Азири. На негово место се планира да дојде Бучи.На местото пак, на Јакупи би требало да дојде сегашниот директор на „Аеродорми“ – Орхан Рамадани. Аеродромите по изборот на Рамадани, најверојатно ќе ги преземе претходниот директор Зоран Крстевски, кој очекува да остане на таа позиција и по доаѓањето на турската фирма која го има под концесија скопскиот аеродром. Сега тој ја држи позицијата директор на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба.Тоа би било, првата етапа од есенските оставки. Како што објави Форум, тајмингот на оставките беше поврзан со два фактори. Прв, беше ребалансот на буџетот, за кој веќе почна да се расправа во Собранието. Втор е денешниот датум 15 септември, до кога до кога се пишува извештајот во Брисел. За останатите министри на ДУИ, но и оние од владејачката коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе се чека и до декември, прогнозираат во партијата на Ахмети. Според информациите од ДУИ, Ахмети ќе ги менува речиси сите свои министерски решенија. Амнестирани би биле само министерот за здравство Бујар Османи – не толку поради успешното работење, туку поради доброто преставување на јавноста, и вицепремиерот за рамковен договор Абдулаќим Адеми – кој го поправи своето работење после критиките на лидерот Ахмети и партсикото членството на почетокот од годината. За заминување е министерот за труд и социјална политика, Џељал Бајрами. Него во Владата повеќе не го сака самиот Ахмети. Лидерот не бил задоволен од тоа што Бајрами не успеал да најде законско решение за пензиите на борците од ОНА. Од ДУИ не се многу задоволни и од работата на министерот за локална самоуправа Муса Џафери, но тој се уште важи за многу близок човек на Ахмети. Наводно, Џафери бил другар на Ахмети уште од детството. Можно е оставка да поднесе и заменик-министерот за образование Линдита Ќазими. Од своите фотелји ќе си заминат и некои директори на ДУИ во различни сектори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

