Македонија
Пратеникот Талат Џафери осуден за изборен инцидент
Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, е осуден на условна казна од шест месеци затвор бидејќи како учесник во толпа спречил полицајци во извршување службени задачи, лани за време на инцидент пред парламентарните избори во Тетово
„Одлуката на судот е политички мотивирана“, изјави Талат Џафери откако судијата од Основниот суд во Тетово му определи условна казна од 6 месеци затвор во времетраење од две години за кое тој не смее да стори друго кривично дело, јави дописникот на Макфакс.
Тој заедно со својот адвокат најавија дека ќе ја обжалат пресудата пред Апелациониот суд во Гостивар.
Според Џафери, тој е невин бидејќи при инцидентот кој започнал претходно дошол да ја смири состојбата.
Инцидентот се случил вечерта на 29 мај 2008 година пред предвремените парламентарни избори, кога повеќе членови и симпатизери на ДУИ ја блокираа крстосницата кај тетовскиот Монопол.
Тие бараа ослободување на тројца нивни сопартијци осомничени за напад на момче и приведени од полицијата за време на партискиот митинг на Градскиот стадион во Тетово.
Притоа беа нападнати и двајца полицајци кои биле кај блокадата и биле оштетени две службени возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

