Македонија
Унгарија ќе ја поддржи препораката на ЕК за почнување преговори на ЕУ со Македонија
Ова го изјави претседателот на унгарскиот парламент Бела Катона на средбата со претседателот на македонското Собрание Трајко Вељановски
Претседателот на Собранието на Република Македонија, господин Трајко Вељаноски во Будимпешта попладнево оствари работна средба со претседателот на Унгарскиот парламент, Бела Катона.Собранискиот претседателот Трајко Вељаноски како копреседавач, учествува на Конференција на претседатели на парламенти посветена на евроатланските интеграции на државите од регинот Западен БалканНа средбата Вељаноски осврнувајќи се на билатералните односи истакна дека тие се многу добри, а во тоа, свој голем придонес даваат и двата парламенти. „Меѓу двата парламенти имаме потпишано протокол за соработка кој се реализира преку соработка на сите нивоа, од редовни средби на парламентарните тела и групите за пријателство до средбите на претседатели.“, изјави Вељановски.Изразувајќи благодарност за поддршката што Унгарија и’ ја дава на Република Македонија во остварувањето на определбата за членство во ЕУ и НАТО, Трајко Вељаноски посебно ја истакна принципелната политика на Унгарија до проширувањето на ЕУ со државите од регионот.„Република Македонија многу сериозно во изминатиов период работеше на остварувањето на своите одредници кои ги исполнивме. Затоа со право по препораката за укинување на визниот режим сега очекуваме во Извештајот на Европската комисија да добиеме и препорака за датум за отпочнување на преговорите“, истакна претседателот на македонското Собранието.Претседателот на Унгарскиот парламент, Бела Катона заблагодарувајќи се за учеството на Конференцијата, истакна дека неговата држава и натаму ќе ја поддржува Република Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО и ќе продолжи со својата политика за интеграција на регионот. „Постигнатиот напредок на Република Македонија се гледа и во препораката за укинување на визниот режим. Знам и за постигнатите резултати кои ги имате направено во изминатиов период. Затоа Унгарија во целост ќе ја поддржи препораката за добивање на датум за отпочнување на преговорите.“, нагласи Катона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

