Македонија
Се вади петокраката од државниот грб

Црвената петокрака која стоеше на врвот на државниот грб, како остаток од поранешниот социјалистички режим ќе биде отстранета. Владата синоќа донела одлука државниот грб на Република Македонија да биде променет.
Предлогот за измена на амблемот наскоро ќе биде доставен до пратениците. Измените на Законот за грб се носат со 2/3 мнозинство вклучително и со мнозинство од гласовите на малцинските етнички заедници. Според информациите на forum.com.mk, албанскиот партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Владата веќе се согласил петокраката да биде избришана. Причината за промените се расчистување со минатото. Засега од Владата не соопштуваат дали се работи само за привремено решение, додека не се најде подобра идеја за нов државен амблем, или со вадењето на петокраката Македонија дефинитвно добива нов државен симбол. Според хералдичките описи, стариот грб спаѓа во т.н. пејзажни грбови. Овој амблем претставува опис на пејзажните карактеристики на Македонија: планините, реките, полињата и сонцето. Венецот ги преставува културите кои се одгледуваат во Македонија: пченица, тутун, памук и афион. Црвена петокрака ѕвезда на врвот е симболот на тогашната социјалистичка владејачката идеологија. Пејзажните грбови биле типични за социјалистичките држави. Македонскиот грб, како и оној на СФРЈ биле под директно влијание на грбот на СССР. Според експертите за хералдика, овие грбови често немале никаква историска заднина, туку само идеолошка. Дури и во описот: афион, жито… се бара поврзаност со системот на планирано индустриското производство типично за државите со комунистички режим.Оттука, експертите предупредуваат дека идниот државен грб не може како мостра да го има стариот грб. Ако се направат некакви измени (како што е вадењето на петокраката), тоа би значело само привремено решение додека државата не го изнајде соодветниот амблем.Неделникот Форум минатиот месец отвори расправа за тоа какво грб и епотребен на државата.“Новиот државен грб треба да има две особини, пред ликовно да се осмисли. Тој мора да биде хералдички и да биде историски, односно да има историска заднина во грбовниците”, изјави тогаш Јован Јоновски, претседател на Хералдичкото здружение на Македонија.Форум се обида да изнајде такво решение. Притоа беа земени предвид два фактора: хералдичката документација и објаснувања на експертите за досегашните македонски грбови и барањата на партиите особено на албанскиот фактор кој инсистира новиот грб да биде одраз на граѓанскиот аспект.Од она што мое да се открие, како добра кројка за грб би претставувал грифонот т.е. суштество со глава и канџи на орел и тело на лав. Грифонот како дел од амблем бил користен на македонската територија во текот на 13 и 14 век. Грб од македонско потекло со вакво суштество неодамна бил предаден од баварската библиотека на грбовници. Грбот го има регистрирано Хералдичкото здружение на Македонија.“Се работи за грб на македонски крал. Датира пред грбовите за лавовите од 1590 г., примерокот што го имаме е од 1448 г. Тоа е едно од поновите откритија. Грифонот го има како симбол на најмалку уште два амблема од овие простори”, објаснува Јоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.