Македонија
Општина Центар поптиша меморандум за соработка со Комората за туризам

Во четвртокот градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и претседателот на Стопанската комора за туризам (СКТМ), Емил Димитровски, потпишаа меморандум за разбирање и деловна соработка
Тодоровиќ и Димитровски за медиумите изразија задоволство по потпишувањето на овој меморандум. Како што изјавија, со него ќе се придонесе на полето на развојот и поддршката на туризмот и локалниот економски развој, креирање политики, користење и развој на проект за одржлив локален економски развој во скопскиот регион.Инаку, во меморандумот се набележани основните цели на на оваа соработка, а тоа се: воспоставување блиски односи на соработка на локалните власти на Општина Центар и СКТМ, поради размена, зачувување и збогатување на позитивните искуства и резултати од активностите на Комората и Општината; давање поддршка за спроведување на политиките во развој на туризмот, угостителството, културно-уметничките настани во Општина Центар и збогатување на туристичката понуда во целост, и убедување дека соработката меѓу СКТМ и Општината Центар претставува значаен придонес на целокупната соработка на бизнис-заедницата во Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Објавени списоци на пренесените повредени во скопските болници

Објавен е список на пренесени повредени лица од дискотеката во Кочани во скопските болници.
Список од „8 Септеври“:
Список од Клинички центар:
Македонија
Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани

Градоначалникот Горан Герасимовски изразува најдлабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и истакнува дека Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани.
„Со голема тага и неверување утринава ја примив веста за трагедијата во Кочани, во која млади животи беа прерано згаснати. Најдлабоко сочувствувам со семејствата, роднините и пријателите на загинатите во оваа страшна несреќа. Ова е ненадоместлива загуба, болка што ја чувствува цела Македонија. На повредените лица, кои се под медицинска нега, им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во моменти на ваква тага, најважно е да бидеме заедно, да се поддржуваме и да си помагаме. Општина Центар стои на располагање за да помогне на Општина Кочани и на сите граѓани на кои е потребно. Солидарноста е неопходна во овие тешки моменти. Нашите срца и мисли се со вас“, вели Герасимовски.
Македонија
Агелер изрази сочувство за настраданите во Кочани

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а на премиерот Мицкоски му понуди помош.
„Срцето ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. На премиерот Христијан Мицкоски му понудив помош и сите ресурси на Амбасадата на САД, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес,“ напиша Агелер.