Македонија
Аеродром избрана за најпогодна општина за инвестирање во Македонија
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, од понеделник престојува во Минхен, каде учествува на најпознатиот саем за инвестирање во недвижнини во светот „Експо реал 2009“
Аеродром на саемот настапува со неколку проекти од областа на урбанизмот, откако беше избрана како најпогодна општина за инвестирање од Република Македонија од независни експерти ангажирани од ГТЗ (германска Канцеларија за техничка поддршка во Скопје), која финансиски и логистички ја помогна реализацијата на посетата.Саемот „Експо реал 2009“, на кој и покрај економската криза се присутни околу 20 илјади излагачи од 34 земји и над 45.000 посетители од целиот свет, делегацијата од Општина Аеродром го искористи покрај презетацијата на атрактивните проекти, да лобира кај потенцијални инвеститори во изгадба на позначајните објекти предвидени со деталните урбанистчки планови.На првиот ден од посетата, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски веќе оствари повеќе средби со потенцијални инвеститори од Германија, Холандија, Турција и Фанција, а до крајот на саемот, кој завршува на 7-ми октомври 2009 г.а, се очекува да разговара и со високи претставници на познати брендови од областа на урбанизмот. Градоначалникот Коневски, исто така, ја искористи можноста на маргините на саемот да се сретне и со некои од присутните градоначалници од поголемите европски метрополи, со цел Општина Аеродром да воспостави соработка со нив.Во таа насока беше средбата на градоначалникот Коневски со градоначалничката на Франкфурт, Петра Рот, која ужива голема популарност во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.
Македонија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.
Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.
„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.
Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:
„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 11 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.
Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

