Македонија
Некст тајм дружба со најмалите
Македонската група Некст тајм се дружеше со најмалите обожаватели во чест на Детската недела
Мартин и Стефан Филиповски од македонската група Некст Тајм денес ги посетија дечињата од детската градинка „Изворче“ во скопската населба Аеродром по повод Детската недела која започна од 5 а ќе трае до 11 октомври. Во дворот пред црквата Св.Илија дечињата сликаа и боеја, а цртежите подоцна беа продавани по симболична цена од 10 денари.Заедно со дечињата во градинката, Некст тајм ја испеаа евровизиската песна „Нешто што ќе остане“, а на репертоарот беа и добропознатите песни од Тоше Проески, како неизбежната – „Македонско девојче“. Мартин и Стефан се навратија и на нивната прва песна „Јас сум фудбалер“ со која како деца настапија на детскиот фестивал Си-До. „Јас имав симпатија во градинка а со Мартин сакавме да бидеме фудбалери. Јас сакав да бидам Роналдо, а брат ми Роналдињо, но таа желба не ми се исполни. Подоцна паметам дека по секој тренинг кога ќе си отидев дома по два часа пеев песни од Ајрон Мејден“ призна Стефан на денешната средба со најмалите. Мартин ни откри и деновиве ја завршуваат новата песна која се’ уште нема наслов, а која е поразлична од нивните досегашни песни. „Секогаш кога го пишуваме текстот тоа го правиме за да допре до слушателите, а во план ни е наскоро е да направиме концерт, но тоа најмногу зависи од финансиите и спонзорите“, додаде Стефан Филиповски.Некогашната учителка на Мартин и Стефан која се’ уште работи во „Изворче“ за Форум ијави дека ги чувала од бебиња, па се’ додека почнале со училиште.“Тоа се прекрасни деца. Тие имаа предиспозиции да станат пејачи, но јас мислев дека ќе станат фудбалери. Сепак, Стефан и Мартин добро цртаа и доста рецитираа, а еве дојдоа не’ посетија и не не’ заборавија“ Бев изненадена кога ги видов на телевизија, но кога победија на изборот за претставник на Евровизија, бев многу воодушевена“, изјави Лилјана Каровска, поранешната учителка на Филип и Мартин Филиповски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

