Македонија
Милошоски: Се надеваме дека извештајот на ЕК ќе биде реален во однос на нашите постигнувања
Шефот на дипломатијата во Инстанбул ги искажа надежите дека во извештајот на Европската комисија ќе биде реално вреднуван напредокот и постигнувањата на Република Македонија. Милошоски, исто така, се надева и дека Грција и Бугарија овојпат ќе дадат вистинска а не само декалративна поддршка
„Во деновите што доаѓаат Република Македонија го очекува извештајот за напредокот на ЕК, којшто се надеваме ќе биде во тонот на нашите постигнувања и дека ќе резултира со одлука на Советот на ЕУ за почеток на преговори за членство“, нагласил министерот за надворешни во обраќањето на неформалниот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски притоа додал дека се надева дека македонските соседи членки на Европската Унија, Грција и Бугарија, ќе го препознаат својот интерес и дека ќе настојуваат да добиеме позитивна одлука од Советот, потврдувајќи ја на тој начин нивната декларативна поддршка.„Ја поздравуваме новата клима за преговори на Хрватска и овој пример покажува колкав може да биде придонесот на дијалогот. Искрено се надеваме дека Турција ќе направи исто така пресврт во преговорите со ЕУ“, рекол Милошоски додавајќи дека Македонија е подготвена да го пренесе своето искуство во делот на евроинтеграциските процеси на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. По состанокот, што заврши во петокот навечер, Милошоски имал неформални средби со колегите од Албанија и од Србија, Илир Мета и Вук Јеремиќ.Вчера и покрај најавите на медиумите во Грција, Милошоски не се сретна со новиот грчки премиер Јоргос Папандреу на маргините на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Истанбул.Како што јави МИА, на почетокот на состанокот, Милошоски и Папандреу, чии делегации седеле една до друга, се поздравиле, а шефот на македонската дипломатија од име на македонската Влада му ја честитал победата на изборите и му посакал успешен мандат. Папандреу се заблагодарил и рекол дека се надева на подобра соработка. Милошоски коментирајќи ги најавите за можна средба со Папандреу, во петокот попладне изрази подготвеност за грќкито премиер ако за тоа има расположение од другата страна.„Би сакал да го искажам своето расположение и нашата подготвеност да оствариме билатерална средба со грчкиот колега, доколку за тоа постои соодветно расположение и од другата страна. Она што во изминатиов период недостигаше тоа се билатералните средби и контакти. Наша должност и задача е тоа да го надополниме, да најдеме начин за што повеќе и поконструктивни средби на кои ќе размениме мислења за работите од заемен интерес, како и за оние што не зближуваат и за оние што не одалечуваат“, изјави Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

