Македонија
Анкета: Груевски и Владата повторно со голема поддршка од граѓаните
Анкетатата спроведена во почетокот на октомври покажува дека премиерот Груевски се’ уште има 3,5 пати поголем рејтинг од Бранко Црвенковски. Огромна поддршка од граѓаните добиваат и последните владини одлуки за справување со економската ситуација
Институтот „Павел Шатев“, во периодот од 1-ви до 5-ти октомври спровел анкета врз репрезентативен примерок од 1.100 испитаници, со неколку прашања.На прашањето „дали генерално гледано Република Македонија се движи во правилна или погрешна насока?“, 43.2 отсто од испитаниците дале одговор дека Република Македонија се движи во правилна насока, 37.1 од испитаниците одговориле негативно, а 19.7 проценти одговориле со „не знам“ или немале одговор.На прашањето, пак, „доколку утре се одржуваат парламентарните избори за која партија би гласале? “, 23.9 отсто од испитаниците дале одговор дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 9.6 од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, 6.9 би гласале за ДУИ, 2.4 за Нова Демократија, ДПА со 2.3 проценти забележува зголемување на својот рејтинг а под еден отсто се ВМРО-НП, ДОМ, Обединети за Македонија, НСДП и ЛДП. Според резултатите од анкетата, 1.7 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за друга политичка партија која не е а дури 27.9 проценти од испитаниците одговориле дека не би гласале за ниедна политичка партија, а 24.6 отсто одговориле со „не знам“ или немале одговор.Кај политтичарите, повторно премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има огромна предност пред другите политичари. Груевски ја има довербата на 26 отсто од испитаниците, а втор е Бранко Црвенковски старо-новиот претседател на најголемата опозициска партија СДСМ со 8,3 проценти. Со ова се задржува трендот на 3,5 пати разлика во рејтингот меѓу двајцата највлијателни политичари во Република Македонија во моментов. Од другите домашни политичари, испитанците се изјасниле и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети – 6.6 отсто, Имер Селмани кој има доверба кај 2.7 проценти од испитаниците и Мендух Тачи со 2.2 отсто.За друг политичар се изјасниле 6.3 отсто од испитаниците, а не знаеле или немале одговор 16.2 проценти. За ниеден домашен политичар немаат симпатии 31.7 отсто од прашаните, покажува анкетата на Институтот „Павел Шатев“.Анкетата го содржи и прашањето „ дали Бранко Црвенковски заслужува повторно да биде избран за премиер на Република Македонија?“, на која лидерот на социјалдемократите и поранешен премиер во три мандата добил поддршка од 15.1 отсто од испитаниците. Меѓутоа, Црвенковски не ја ужива довербата како евентуален следен премиер дури кај 66.3 отсто а не знаеле или немале одговор 18.6 проценти од испитаниците.Владата на премиерот Никола Груевски добива огромна поддршка од испитанците во однос на прашањето како се справуваа со енергетската сиромаштија. Нејзината одлука е поддржана од 78 отсто а негативно мислење имаат 10.5, а немале одговор 11.5 проценти од испитаиците. Слична гоелам подддршка добива и владината одлука за продажба по 1 евро за метар квадратен градежно земјиште, за што позитивно се изјасниле 61.4, негативно 20.5, а немале никаков одговор 18.1 отсто.Уште попозитивно, пак, е оценета владината одлука да го намали ДДВ-то за новите станови, што е поздравено од 79.5 отсто од испитаницте, а 7.9 проценти од нив негативно ја оценуваат оваа владина одлука, додека став немале 12.6 од испитаниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

