Македонија
Иванов: Очекувам позитивен извештај и позитивна атмосфера
Претседателот на Естонија, Томас Хендик Илвес при денешната официјална посета во Република Македонија оствари средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, на која и двајцата претседатели изразија надеж дека утрешниот извештај на Европската комисија ќе биде позитивен за Македонија
„На денешната средба со Претседателот Илвест разговаравме за утрешниот ден кој е значаен за Република Македонија и за естонското позитивно искуство од Евроатланската интеграција. Ние сме инпресионирани од она што Естонија го има постигнато и од нејзиното искуство кое ни го пренесува“, рече претседателот Иванов по средбата со естонскиот претседател Илвест и притоа изрази благодарност за она што Естонија го правела и го прави за Република Македонија и за сесрдната помош за приближување кон ЕУ и НАТО.„Позитивен извештај и позитивна атмосфера“ ,се претпоставките на претседателот Иванов во врска со утрешниот значаен ден за Република Маеконија.Претседателот Иванов додаде дека на средбата било разговарано и за соработката на двете земји во економијата и ИТ комуникациите, како што рече нешта кои што ќе и бидат од помош на Македонија но и од корист на Естонија. „Изразувам надеж дека сосработката со Естонија ќе продолжи и ќе се продлабочат нашите пријателски односи“, рече Иванов.Естонскиот претседател Илвест изрази надеж дека утрешниот извештај на Европската Комисија ќе биде позитивен за нашата земја.„Исто како што верувавме дека Европа нема да биде цела без Балтичките земји, така да нема да биде целосна, ако не ги вклучува сите демократски земји“, рече Илвест.Тој додаде дека Естонија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија во процесот на евроатланското интегрирање.„Како земја која помина низ еден долг и тежок процес, како земја која требаше да ги убеди ЕУ и НАТО и како земја членка имаме разбирање за вашата желба да станете дел од европското семејство и разбирање за проблемите кои ќе ги имате при овој процес. Се надевам дека утре ќе имате позитивен извештај од ЕК. Ние поминавме шест турбулентни години после приемот во ЕУ и НАТО, но го изодевме тој пат. Ќе видите дека во текот на тој процес ќе мора да правите многу компромиси. Ние сметаме дека вие припаѓате во ЕУ и НАТО.“, истакна Илвест. На новинарско прашање Ивлес појасни дека процесот на преговори за членство во ЕУ е од техничка природа, а Естонија е подготвена своето искуството да го сподели со македонските пријатели.Во врска со решението на грчко-македонскиот спор Илвест рече дека се надева дека ќе се изнајде конструктивен став кој ќе биде прифатлив за двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

