Македонија
Ребаланс на буџетот за 2009 г. на осмата седница на советот на град Скопје
Измена и дополнување на буџетот на град Скопје за 2009 година беше главната точка по која се расправаше на осмата седница на Советот на Град Скопје
Со одлуката за измена и дополнување на буџетот на Град Скопје за 2009 година истиот беше намален за дури 270 милиони денари, што е секако резултат на глобалната светска економска криза.
Претходно како една од поважните точки на дневниот ред по предлог на сите советнички групи, беше вметната и точката за одлуката за еднократна парична помош во висина од 500.000 денари за санирање на штетите на манастирот „ Свети Јован Бигорски“, која во моментов е неизбежна.
Градоначалникот Трајановски предложи Одлука за определување за највисок износ на средства за откуп на земјиште во висина од 1200 денари за метар квадратен, што градот може да ги понуди и исплати во постапката за откуп на земјиште наменето за проширувањето на гробиштата во Скопје.
Иницијативата од советничката група на ЛДП беше тргната од дневниот ред . Претходно ЛДП бараше намалување на цените на зонското паркирање и на цените на услугите за користење на јавните паркиралишта кои ги одржува и користи „ЈП Градски паркинг“- Скопје.
На седницата е донесена и одлука со која Град Скопје ќе донира семафорски лантерни на општините Кавадарци, Прилеп и Кочани.
Советот на Град Скопје го усвои и извештајот за работењето на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во првата половина од 2009 година, како и предлог програмата за работата на зимската служба на Град Скопје за одржувањето на магистралните и собирните улици на Град Скопје во зимски услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

