Македонија
Евроамбасадорите повикаа на решение за името, иако тоа не е услов за датум за преговори
Услов за пристапување на Македонија во Европската Унија не треба да биде решението за спорот со името, но така би се создала попозитивна средина за продолжуање на процесот на евроинтеграција, оценија денеска евроамбасадорот Ерван Фуере и шведскиот амбасадор Ларс Петер Фреден
Шведското претседателството со Европската Унија ја поздравува добрата оцена на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтегративните процеси, а сега следат формални чекори во Советот на министери, каде Македонија ќе биде разгледувана заедно со Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, појасни амбасадорот Фреден.
„Ова е златна шанса да се направи поголем напор со цел да се разреши проблемот со името. Сега изгледа дека сликата е многу појасна. Единствените разговори коишто сега остануваат се оние во однос на прашањето за името, а не за одредниците“, рече Фреден на презентацијата на Извештајот на ЕК на собраниската комисија за европски прашања.
Фуере, пак, ја повтори вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување Оли Рен од Брисел дека препораката треба да биде силен поттик и охрабрување конечно да се затвори прашањето за името. Пред присутните пратеници, Фуере ги истакна најпрво слабостите забележани во Извештајот, како што се доработувања на реформите во судството, енергетиката, слободниот проток на информации, политичките реформи, социјалниот елемент и други.
Фуере изрази задоволство од позитивните оценки на борбата со корупцијата, азилот, борбата со криминалот, јавните набавки, даночните реформи, индустриското производство, транспортот и друго.
Амбасадорот Фреден рече дека конечната одлука за старт на преговорите ја носи Советот на ЕУ со консензус. Тој информира дека од денеска веќе заседава Комитетот за Западен Балкан при Советот на ЕУ за Извештајот за Македонија, кој треба да му помогне на Советот на 7 и 8 декември да се изјасни за датумот за преговори.
Вицепремиерот Васко Наумовски изрази задоволство од одлуката на Европската комисија, која била фер, а „одличните оценки во судството, антикорупцијата и другите поглавја не’ охрабруваат да продолжиме“, рече Наумовски.
Радмила Шеќеринска од СДСМ рече дека Европската комисја знае да ги оцени напорите, тогаш кога се има аргументи. Таа потсети дека Македонија чекаше четири години на позитивен извештај, за што на некои земји им требаше една, па потсети да не се дозволи преговорите и членството да ги чекаме 20 години, туку да се сработи побрзо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

