Македонија
СДСМ ќе учествува на денешната седница за Косово
Опозицијата иако гледа заговор во итното закажување на собраниската седница за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Косово, сепак ќе учествува во расправата, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму велат дека одлуката да бидат присутни на денешната седница е со цел да оневозможат границата со Косово конспиративно да помине „зад грбот на народот“.
Владата доцна синоќа го усвои Предлогот за ратификација на Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Република Македонија и Република Косово и истиот веднаш го достави до Собранието на Република Македонија. Претседателот на Собранието Трајко Вељановски доцна синоќа за денеска на пладне закажа собраниска седница на која пред пратениците ќе се најде ратификацијата на Договорот.„СДСМ не се согласува за едно вакво прашање, како што е границата со Косово, до таа мера да се инсистира на итност и од петок навечер набрзина да се закажува седница за сабота. Со ваков пристап се создава сомнеж дека нешто се крие! Сепак ќе бидеме присутни на седницата за да се оневозможи се’ да помине конспиративно зад грбот на народот“, велат од СДСМ.Според дневниот весник Дневник во договорот за физичко разграничување помеѓу двете држави имало и мала размена на територии. Според уставот за измена на границата на државата одлучува Собранието со 2/3 мнозинство или пак на рефенернудм. Ратификацијата на меѓудржавните договори пак, се прави со обично мнозинство.Постигнатиот договор за демаркација на границата меѓу Скопје и Приштина го поздравија САД и ЕУ.„Раководствата во двете држави покажаа голема решителност и направија значаен чекор напред кон обезбедувањето на регионалната стабилност. Го очекувамо брзото воспоставување и на дипломатски односи меѓу двете земји, се наведува во соопштението од Амбасадата на САД во Скопје.Во писмената изјава, пак, на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедноста политика Хавиер Солана, се вели дека постигнатиот договор е знак на зрелост, орговорност и меѓусебно почитување.Се очекува набрзо по ратификувањето на Договорот, Макеоднија да воспостави целосни дипломатски односи со северниот сосед. Тоа веќе синоќа на заедничка средба го најавија Али Ахмети, претседател на ДУИ и коалиционен партнер во Владата.„Ако вчера беше прерано, денес веќе е дојдено времето да се воспостават дипломатските односи, ова може да се случи денес, може да се случи утре или ден потоа, или за 24 часа, не ме држете за збор. Постои многу добра клима меѓу двете држави, и ова е од корист на Македонија и Косово“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.Македонија го призна независно Косово на 9 октомври минатата година, а дипломатски односи не беа воспоставени, поради проблемот со одредувањето на границата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана, 751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана.
Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти ставени во пластична кофа со капак под работната иноксна маса во објектот. Полициски службеници пронашле и една пластична вага со остатоци од наркотична дрога.
Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
За истото кривично дело се осомничени уште 3 лица, кои меѓусебно препродавале наркотична дрога марихуана во непосредна близина на плантажи со лозје во Јосифово. На 21 јануари едниот осомничен продал 679,97 грама марихуана на вториот осомничен, а тој потоа неовластено ја држел во штала.
Следниот ден дрогата ја однел кај третото лице во селото Пирава, кое требало да ја препакува и да посредува во купопродажбата на марихуаната на крајни корисници – зависници. При претресите полициски службеници ја пронашле дрогата, како и уште дополнителни 65,13 грама марихуана, 110 семки кои потекнуваат од растението канабис и вага со остатоци од наркотична дрога.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени дилери.
Македонија
Комисијата за одбрана и безбедност со претставници на Израел: нагласена важноста на соработката за зајакнување на националната и регионалната безбедност
Комисијата за одбрана и безбедност денеска одржа работна средба со претставник на Министерството за одбрана, Елај Калиф, и амбасадорката Вивиен Аисен на Државата Израел, на која се дискутираше за соработката во областа на одбраната и безбедноста. Посебен акцент беше ставен на соработката во рамките на НАТО, како и на размената на искуства и добри практики од областа на одбраната.
Претставникот на Министерството за одбрана на Државата Израел ги презентираше глобалните безбедносни тенденции кои влијаат врз Израел, како и можностите за соработка со земјите од Балканот и Балтикот. Во тој контекст, беше истакната потребата од започнување структуриран дијалог во областа на одбраната и безбедносната поддршка.
Претседателот на Комисијата, Павле Арсоски, ја нагласи претходната соработка со Центарот за обука на пилоти, посочувајќи ги придобивките и значењето на оваа соработка за унапредување на одбранбените капацитети.
Пратениците, во своите излагања, ја потенцираа суштинската важност на соработката со Државата Израел во областа на одбраната, како значаен елемент за зајакнување на националната и регионалната безбедност и стабилноста на Балканот.
Македонија
Појава на магла на Стража, државните патишта проодни и безбедни за сообраќај
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража.
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, соопшти АМСМ.
Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

