Македонија
Четврта средба на координативното тело на градоначалници
Утре со почеток во 13 часот ќе се одржи четвртата по ред средба на координативното тело на градоначалниците на скопските општини
Средбата ќе се одржи во Кабинетот на Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Градоначалниците го одредија дневниот ред според кој ќе се расправа на утрешната седница.
На средбата ќе биде даден проектирачкиот предлог буџет за 2010 година. Ќе се разговара и за собирање на комуналниот смет како и за есенското чистење на зеленилото.
На седницата ќе биде разгледан и генералниот урбанистички план, функционирањето на зимската служба во градот и општините потоа ќе се разговара за данокот на имот, а во склоп на седницата ќе биде извршена и презентација на Националната платформа за намалување од ризици, несреќи и катастрофи во РМ од Центарот за управување со кризи.
По завршувањето на средбата, градоначалникот Трајановски и неговите колеги градоначалници, ќе даваат изјави за медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска бесплатно паркирање во Општина Центар
По повод претстојните новогодишни празници, паркирањето во Општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти ЈП Паркинзи Општина Центар.
„Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено работно време“, се нагласува во информацијата.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето „Дилајла“ кое е со автоматска наплата.
Македонија
Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот, соопшти ЈСП Скопје
Од ЈСП Скопје информираат дека во среда на 01.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Од четврток на 02.01.2025 година јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Во среда на 01.01.2025 година билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.
Од четврток 02.01.2024 година продолжуваат со вообичаено работно време.
Жичницата на 1 јануари ќе работи од 11 до 17 часот.
Македонија
Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК
Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата.
Парична казна од 100 евра за лицата кои ќе бидат затекнати со стара возачка.
Граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи, согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата.
Во него беше предвиден рок од пет години за промена на документите.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека краен рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК, беше до 31 декември 2024 година.