Македонија
Апел за донации

Со скромни донации ќе помогнеме сите заедно во едно семејство да се врати насмевката и ќе овозможиме еден млад човек како и секој друг да му се радува на животот и д придонесе за заедницата
Игор Трајковски на 19 години боледува од АКУТНА ЛИМФОБЛАСТИЧНА ЛЕУКЕМИЈА, за што е потребно пресадување на коскена срцевина во странство.Лекувањето ќе се изврши во болницата Royal Marsden Hospital во Лондон и ќе бидат потребни 207.000 фунти за самата трансплантација плус патните трошоци и трошоците за престој на семејството во период од три до шест месеци додека трае лекувањето.Фондот за здравствено осигурување партиципира со 80 отсто од сумата, а остатокот од 20 отсто треба да го платат родителите кои не се во можност да ги обезбедиме во целост.Сите добронамерни и хумани лица и организации, своите прилози со кои ќе овозможат успешно да се изврши лекувањето на младиот Игор своите донации може да ги приложат на: Жиро сметка/Трансакциска сметка: 210501605523776, Тутунска банкаИгор ТрајковскиИли на броевите за донација Т-Моbile: 070/143-177VIP: 077/143-177COSMOFON: 075/143-123
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.