Македонија
МЦЕО: Македонија бавна во евроинтеграциите
Македонија наместо да напредува, постојано назадува во својата европска агенда, предупредува Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)
Од МЦЕО се задоволни од позитивниот извештај на Европската комисија како и од брзата реакција на Владата да изготви Акциски план за исполнување на забелешките од Извештајот, но велат дека само ја вратиле практиката од 2005 година.
Од МЦЕО уште пред да стигне Извештајот констатираа дека Македонија ги исполнила зададените репери и затоа земјата доби препорака за датум за претпристапни преговори, но загрижени се од бавното темпо со кое се одвиваат реформите што ја носат земјата поблиску до ЕУ.
Според компакративната анализа изработена од МЦЕО, произлегува дека во некои сегменти особено во економскиот дел Македонија е полоша отколку лани.
Многу од забелешките и успесите се исти и во ланскиот и во годинешниот извештај, што не покажува дека Македонија напреднала.
Како што потенцираат, Македонија ги исполни 8+1 реперите и затоа доби препорака, но темпото на евроинтеграција на државата е загрижувачко и мора што поскоро да се забрза.
Европската комисија, велат од МЦЕО, го оценува напредокот на државата според задачите што се зададени по приоритет во Пристапното партнерство, а се 182 на број. Со исполнувањето на тие задачи, државите дбиваат ново Пристапно партнерство, а Македонија не доби ново, што доведува до заклучок дека задачите се уште не се исполнети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

