Македонија
Претседателска конференција: Македонија добро се справува со кризата
Македонија е една од земјите во Југоисточна Европа која добро се справува со кризата беше речено Претседателската конференција „Свртени кон иднината“ која се одржа во Ерусалим, Израел, под покровителство на претседателот на Израел Шимон Перес, на која учествуваше вицепремиерот Зоран Ставрески
Вицепремиерот Ставрески се обрати на панелот на тема Колку капитал остана за капитализмот, каде говорници беа истакнати личности од познати светски универзитети, бизнисмени и креатори на политики. Ставрески зборуваше за предизвиците и последиците од светската економска криза со кои се соочени пред се земјите од Југоисточна Европа, притоа осврнувајќи се на моделите за излез од кризата.Земјите во транзиција кои се отвораат кон капитализмот и во кои дефицитот се финансира главно од странски директни инвестиции, моделот на одржлив раст во иднина треба да се бара во подобрување на бизнис климата, зголемување на конкурентноста, инвестиции во образованието и технологијата, беше заклучено на панелот.Република Македонија спроведе голем дел од реформите за подобрување на условите за водење бизнис, ги зголеми инвестициите во образованието и инфраструктурата и презеде и други мерки за полесно справување со кризата. Кризата е резултат на одредени слабости на капитализмот како систем, но во моментот не постои негова сериозна политичка алатернатива. И во тие рамки треба да се бараат решенија за надминување на кризата.Учеството на vицепремиерот и mинистер за финансии како панелист на оваа престижна конференција претставува дополнителна афирмација за Република Македонија. Ова е втора по ред Претседателска конференција која се одржува во Израел. На конференцијата учествуваат mакедонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, ;ешкиот претседател Вацлав Клаус и поранешните премиери на Шпанија и Велика Британија, Тони Блер и Хозе Мариа Азнар, како и високот претставник на ЕУ за безбедносна политика, Хавиер Солана. На конференцијата има преку 3.000 учесници, меѓу кои и светски познати бизнисмени и иноватори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ
„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат од СДСМ.
„Тоа што се најде на листата на државници со НАТО членки е благодарение на сериозната државничка политика на СДСМ, која се грижеше за интересите на Македонија, а не за лични интереси и купување скапи часовници. Да се прашуваше Мицко тогаш, денес ќе бевме руска провинција или кинеска колонија а не НАТО членка.

Согласно анкетниот лист за имотната состојба, Мицкоски има колекција од часовници вредни 60.000 евра.
Во Македонија минималната плата изнесува 396 евра, што значи дека часовниците на Мицкоски чинат колку 150 минимални плати.
Дванаесет години треба македонскиот работник да работи за да заработи толку пари колку што чинат часовниците на Мицкоски. 150 минимални плати! Без притоа за ништо друго да не троши пари.
Ова ли е четвртата економија во Европа како што вели Мицкоски?
Ова покажува „колку е саат“ во Македонија и за што се грижи владата. Македонија има најниска минимална плата во Европа. Во Црна Гора минималната плата е 600 евра, во Србија од 505-580 евра, во БиХ 525 евра, во Албанија 444 евра.
Додека македонските работници молат за леб Владата на Мицкоски им вели дека нема пари за поголеми плати. А доаѓањето на „економските работници“ кои веќе ги гледаме значи дека поголеми плати нема да има.
Пари има за скапи саати, тендери, нов авион, за туристички патувања како она во Давос, нема само пари за работниците. Тое е политиката на Мицкоски“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Ново судење за пожарот во „Пулс“
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово.
Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот совет.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.

