Македонија
Обединети за виталните прашања на Македонија
Груевски на средба со дијаспората во Сиднеј изјави дека е потребна обединетост за стратешките прашања на република Македонија
Потребна е обединетост и сплотеност на сите Македонци од дијаспората во остварување на стратешките и националните интереси на земјата, порача премиерот Никола Груевски на средбата со македонските иселеници во Австралија, кои според него се нераскинлив дел од македонското ткиво и од македонската држава.„Сите вие и сите ние имаме иста цел, иста идеја, да и помогнеме на Македонија. Во предвечерјето на моето доаѓање имав многу пораки и сугестии кого да поканам, со кого да се сретнам, а јас одлучив да ги поканам сите Македонци. Среќен сум кога ве гледам собрани, сплотени, зошто не можеме да ја оствариме нашата цел ако сме разединети. Мора да постојат разлики. Секогаш постојат, но кога станува збор за стратешките и националните интереси мора да постои обединувње и сплотеност. Треба да постои свест кога е моментот да се стават сите рзлики на страна и да се седне заедно да се направи стратегија да се дејствува. Тоа е она што некои држави ги прави посилни, некои послаби“, рекол премиерот Груевски. Тој додал дека тоа е она што може да не одведе напред. Според Груевски големо богатство е што во Австралија имаат уникатна можност која ја нема во Македонија, а тоа е да живеат заедно со сонародници од Егеј и Пирин, и им порача да не се делат по тоа прашање затоа што нема вардарци, нема егејци, нема пиринци, туку постојат само Македонци. Премиерот побарал поголемо обединување кај дијаспората и во однос на прашањето за името. Тој потенцира дека ќе продолжат разговорите и напорите за да се најде решение кое нема да ги загрозува македонските национални интереси, македонскиот јазик, македонската нација, култура, интегритет, идентитет, нашата гордост и достоинство, но тоа решение, додаде, ќе стане важечко доколку добие поддршка од граѓаните на референдум.„Во изминатиот период трпевме многу уцени, но не потклекнавме. Жалам што во овие притисоци кумуваа и многу домашни политичари и јавни личности што значително ни ја слабееше позицијата. Ние велиме наш државен и национален интерес е да се најде решение за спорот, кој ни е наметнат и заради кој трпиме штети. Тоа решение ќе им помогне на земјата и на граѓаните“, истакнал Груевски додавајќи дека политиката на блокади не дава резултати и изрази надеж дека работите се тргнати во подобар правец. ПРемеирот и’ се заблагодарил на македонската дијаспора за истрајноста и афирмацијата на македонскиот идентитет во Австралија преку формирање многу здруженија, културни друштва, невладини организации, стопански комори, спортски друштва, што помогнаа да се одржува македонскиот дух, а идните генерации да го знаат македонскиот јазик, својата култура, корен, и кои вредости што ги има Република Македонија. Премиерот Груевски искажал посебна благодарност за лобирањето што го прават каде што можат, како нивен придонес во развојот на матичната земја Република Македонија. На средбата, тој ги информирал за утрешното потпишување на договорот за социјално осигурување, за кој рече дека се прави токму на барање на иселениците од Австралија, како и за можноста од следните парламентарни и претседателски избори да гласаат и да имаат свој претставник во Парламентот во Македонија. Премиерот Груевски ислениците ги запознал и за стратешките приоритети на Владата, како привлекување инвестиции, подигнување на животниот стандарди, членство во НАТО и ЕУ, зајакнување на борбата против корупцијата, градење на добар меѓуетнички соживот и поголеми инвестиции во образованието во Македонија. „Вложуваме многу напори за да ги оствариме овие цели. Работите се придвижуваат во еден добар правец, но потребна е уште многу работа“, нагласил на средбата премиерот Никола Груевски. Во рамки на работната посета на Австралија премиерот Никола Груевски, утре со размена на писма со канадскиот премиер Кевин Рад ќе го потпиеше Договорот за социјално осигурување, а ќе има средба и со претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија. Владината делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо ќе има средби и со македонските иселеници во Канбера и Млебурн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

