Македонија
Меѓународен танцов натпревар „Скопје Опен 2009“
Утревечер во Универзалната сала со почеток во 20 часот ќе се одржи Меѓународниот танцов натпревар „Скопје Опен 2009“
Организацијата оваа година му припадна на танцовиот клуб „Ритам Плус“ и Танцовата спортска федерација на Македонија.
На меѓународниот танцов натпревар во латино американски стандардни танци ќе учествуваат 150 танцови двојки од повеќе земји од Европа и светот како Австрија, Шпанија, Словенија, Хрватска, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Грција, Албанија и Македонија.
Квалификациите во сите категории: самба, румба, валцер, танго, и други, за сите возрасти ќе се одржуваат во текот на целиот ден, а за утре вечер се закажани финалните натпревари.
Меѓународниот танцов натпревар се вбројува во календарот за рејтинг турнири на Светската танцова спортска федерација.Оваа голема танцова манифестација има дванаесет годишна традиција, а годинава се одржува во склоп на прославата на јубилејните 35 години на „Ритам Плус.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

