Македонија
Вељаноски во Вашингтон се сретнаа со конгресменот Прајс и со првите луѓе на ИРИ
Делегација од Собранието предводена од претседателот Вељаноски, во понеделник во Вашингтон имаше средба со конгресменот Прајс, како и со претседателот на Меѓународниот Демократски Институт (ИРИ) Крејнер и директорот на регионалната програма за Еропа Лојд, соопшти собраниската прес-служба
„Соработката со Република Македонија е една од подобрите кои сме ги имале. Она што ме радува е константната поддршка што евро-атланското интегрирање ја ужива од сите граѓани на Република Македонија, но и од сите политички субјекти. Така беше во 2006 г., кога првпат дојдов во Македонија, истото го забележав минатата година при посетата на вашата држава, а и од денешната средба можам да го потврдам истото, истакнал конгресменот Дејвид Прајс во рзговорите со собраниската делегација во чиј состав се претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и потпретседателот Јани Макрадули.Вељаноски го информирал конгресменот Прајс дека сите проекти кои како идеи произлегоа во 2006 година во рамките на средбата во Република Македонија меѓу македонските пратеници и конгресмените од САД се реализирани. Како особено значаен го истакна фактот дека тоа е резултат на работата и конструктивноста на сите политички партии, без оглед која од нив е на власт, која во опозиција и без оглед на етничката припадност.„Најдобар доказ дека можеме да научиме, но и наученото да го презентираме на демократиите помлади од нашата е токму учеството и презентацијата на Собранието на Република Македонија во рамките на Светската е-Парламент конференција“, истакнал Макрадули, потврдувајќи го напредокот на Република Македонија и улогата во истиот на САД, особено на Комисијата за поддршка на демократијата на Конгресот.Конгресменот Прајс потенцира дека Македонија може и понатаму да смета на поддршката што досега ја добиваше од САД, како и дека иако досега во историјата не се познати примери билатерални прашања да бидат пречка за НАТО интегрирање, сепак треба да се работи на изнаоѓање на прифатливо решение за спорот со името.Вељаноски и Макрадули имаа средба и со претседателот на Меѓународниот Демократски Институт (ИРИ) Лорн Крејнер и со директорот на регионалната програма за Европа Линзи Лојд. На средбата како особено важно за јакнење на демократскиот капацитет на политичките субјекти во Република Македонија беше истакнато испитувањето на јавното мислење, кое периодично го спроведува ИРИ. Првите луѓе на ИРИ, Крејнер и Лојд, изразиле задоволство од досега постигнатите резултати и подготвеност да останат активни во Република Македонија и во иднина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.
На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.
„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.
Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.
Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

