Македонија
Средба на Вељаноски и Макрадули со раководството на НДИ во Вашингтон
На маргините на посетата на делегацијата од Собранието на Република Македонија во Вашингтон остварени средби со раководството на НДИ, соопшти собраниската служба за односи со јанвоста
Во петокот претседателот на македонското Собрание Трајко Вељановски и потпретседателот Јани Макрадули,се сретнале со уште неколку американски конгресмени, со претставници на македонската дијаспора, како и со претставник на Стејт Департментот задолжен за европски прашања.„Свесни сме за тоа колкави успеси постигна македонскиот парламент во изминатиот период, што придонесе Македонија да се споменува како модел за парламентарен развој“, истакнал претседателот на НДИ на средбата со Вељаноски и Макрадули. Од присутните било искажано заемно задоволство од досегашната соработка, како и волја истата да продолжи, се вели во информацијата.Спикерот во петокот се сретнал и со конгресмените Бил Паскрел и Кристофер Смит, при што ја искористил можноста да ги запознае со последните случувања во Република Македонија, како и да им се заблагодари на досега искажаната поддршка. „Граѓаните на Република Македонија се цврсто определени за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, што нам политичарите ни дава дополнителна одговорност и обврска да работиме се додека тој интегративен процес не ја достигне целта. Граѓаните на Република Македонија, особено ја ценат поддршката која САД ни ја укажаа во Букурешт и почитувањето може само да се продлабочи во иднина“, реколе претседателот Вељаноски.Конгресмените Паскрел и Смит искажале на средбата подготвеност за целосна поддршка на Република Македонија.„Препознаен е напредокот кој го направи Македонија и може да биде добар пример како се прават резултати во нестабилен период“, истакнал конгресменот Паскрел на средбата.Делегацијата се сретнала и со претставник на Стејт Департментот, главен заменик помошник на Секретарот на Бирото за европски и евро-азиски прашања Ненси Мек Елдонеј, која изрази задоволство од посетата и искажа признание за стратешката определба на Република Македонија за евро-атланското интегрирање. Направивте одлична работа за вашата држава, за нејзините граѓани и во исто време добивте вистински пријател. Сметајте дека вашите цели за вашата држава се и наши цели за вашата држава, истакна Мек Елдонеј.Во рамките на посетата на САД, Амбасадата на Република Македонија беше домаќин на средбата на делегацијата на Собранието на Република Македонија со претставници на Обединета македонска дијаспора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

