Контакт

Македонија

Мерки за заштита од пренесување на инфекцијата со свински грип!

Објавено пред

Mерки за заштита при лекување болно лице или лице со симптоми на новиот тип на грип А(Н1N1) во услови на домашно лекување, препорачани од Минситерството за здравство на Република Македонија

dobivaj vesti na viber

– Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот тип на грип А/Н1Н1) да се изолира во домашни услови во посебна просторија се додека симптомите на болеста не исчезнат или додека се добие негативен резултат од лабораториското тестирање на земениот материјал. Вратата на просторијата треба да биде постојано затворена.- Да се ограничи пристапот во просторијата каде што е сместено болното лице (или лицето со симптоми на овој грип). –  Забранети се посети на болни или лица со симптоми на новиот грип. –  Да се избегнува бремена жена да се грижи за заболено/сомнително болно лице.-  Заболеното лице или лицето со симптоми да носи заштитна маска додека во собата престојува друго лице.  Доколку не се располага со заштитна маска, да се покрива устата и носот со рака или со марамче за еднократна употреба, посебно при кашлање и при кивање.- Постојано да се одржува хигиена на рацете. Рацете да се мијат со сапун и со топла вода или да се користат влажни марамчиња на база на алкохол (посебно после кашлање и по кивање).- Треба да се оджува хигиена во просторијата каде што престојува лицето или во заедничката просторија. Пожелно е да се дезинфицира просторијата (посебно бањата). – Редовно да се мијат со топла вода и со детергент приборот за јадење, нечистите алишта, крпи, постелнина и други предмети (детски играчки), кои биле користени. Овие предмети не мора да се чистат одделно. – Често проветрување на просторијата во која престојува болниот или лицето со симптоми на новиот грип.- Заболеното лице (или лицето со симптоми на новиот грип) не треба да се вози во средствата за јавен транспорт. Доколку лицето мора да користи јавен превоз, задолжително треба да носи заштитна маска, или да ја покрива устата и носот со рака или со марамче за еднократна употреба при кашлање и при кивање- Заболеното лице (или лицето со симптоми  на новиот вирус), може да се врати на работа или во училиште кога симптомите на заболување ќе исчезнат. Мерки за заштита кои се однесуваат на блиските контакти!- Задолжително е миење на рацете со сапун и со вода пред и по излегување од собата на пациентот, како и по секој контакт со заболеното лице (доколку имате користете и средства за дезинфекција).  – Задолжително користете заштитна маска за време на престојот во собата на заболеното лице (или на лицето со симптоми на новиот грип).- Избегнувајте директен контакт лице во лице со заболениот или со лицата со симптоми на новиот грип – Користете ракавици за еднократна употреба при директен контакт со болниот или со предмети од неговата блиска околина- Најблиските членови на семејството на заболеното лице или лицето со симптоми на свински грип, треба да ја следат својата здравствена состојба и здравствената состојба на децата во семејството и веднаш да побараат лекарска помош, доколку се појават симптоми слични на грип (висока температура, кашлање, грлоболка, тешкотии при дишење, општа изнемоштеност) – Членовите на најблиската фамилија на заболениот често да ги мијат  рацете со сапун и со вода (или да ги бришат рацете со влажни марамчиња на база на алкохол). * Дефиниција на близок контакт (СЗО):Близок контакт е лице кое се грижи за болниот или живее во исто домаќинство и имало директен контакт со секрет од дишните патишта или други телесни течности од лице кое е потврден или сомнителен случај на инфлуенца А/Х1Н1.Мерките за заштита треба да се почитуваат, посебно при директни активности поврзани со заболеното/сомнително болно лице, посебно во случаите кога е значително поголем ризикот за контакт со секрети од дишните патишта (на пр. капење, хранење, пресоблекување).Министерство за здравство на Република Македонија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија15 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија15 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија17 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија17 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ17 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија18 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија19 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија19 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија20 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија20 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет21 час

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет21 час

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет21 час

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа21 час

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа22 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа23 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет23 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...