Македонија
Груевски ја поддржа иницијативата за посета на Папата на Македонија

Премиерот Никола Груевски во понеделник претпладен се сретна со Загребскиот Надбискуп и потпретседател на Европската Бискупска Конференција, д-р Јосип Кардинал Бозаниќ, на која присуствуваа и надбискупот Сантос Абрил Кастило и скопскиот бискуп и апостолски егзарх д-р Киро Стојанов
На средбата претседателот на македонската Влада, истакна дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Ватикан се карактеризираат со заемно разбирање и поддршка, а воедно изрази и благодарност за континуираната поддршка која Република Македонија ја добива од страна на Светата Столица.Од страна на Надбискупот Бозаниќ беше истакнато дека Ватикан гледа со големи симпатии кон Република Македонија и дава целосна поддршка на повеќе полиња од взаемен интерес, а истовремено изрази задоволство и целосна поддршка за иницијативата Неговата Светост, Папата Бенедикт XVI, да ја посети Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од делови од улиците: Богомилски Поход, Благоја Мучето, Тодор Чангов и Ѓорѓе Андреевиќ Кун. (Општина Ародром)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Беласица и дел од ул. Петричка. (Општина Центар)
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од бул. Партизански Одреди (во околината на Градежниот факултет). (Општина Центар)
· од 11:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Исаија Маџовски и дел од ул. Воин Драшкоци. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во петок и сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).