Контакт

Македонија

Во Охрид потпишан двегодишен Договор за соработка меѓу Мaкедонија и СЗО

Објавено пред

Министерот за здравство Бујар Османи и досегашниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Марк Данзон, во понеделник навечер на маргините на Регионалниот комитет на СЗО што се одржува во Охрид потпишаа двогодишен Договор за соработка, јави МИА

dobivaj vesti na viber

„Со денеска потпишаниот договор за периодот 2010/2011 г. точно се назначени полињата на кои СЗО ќе соработува со нас, главно во делот на спречување на заразните и незаразните заболувања. Особено ни е важна соработката со СЗО во овие моменти на пандемија“, истакнал министерот Бујар Османи по потпишувањето на документот.Според македонскиот министер за здравство, соработката со СЗО е важна и во делот што се однесува на незаразните заболувања, оттаму што и тие се товар на секое општество. Османи нагалсува дека имплементирањето на целито договор  значително ќе го подобри домашниот здравствен систем, од аспект на новите предизвици.Регионалниот комитет што се одржува во Охрид е можност учесниците да разменат искуства во насока на унапредување на меѓусебната соработка, а со цел подобра координираност во активностите околу справување со предизвиците наметнати со пандемијата на свинскиот грип.Инаку, претходно денеска директорот на Европскиот центар за контрола на болестите и иден директор на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакоб ги пренесе оценките на СЗО дека Република Македонија успешно се справува со новиот грип тип А(H1N1) и презема ефикасни мерки за подобра заштита на населението од последиците.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Викендов сончево и малку посвежо време

Објавено пред

Од

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 70км/ч.), информира УХРМ.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер ( локално над 70км/ч.) кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4-6 степени во споредба со денешните.

Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом фирмите

Објавено пред

Од

Се воведува системот за е-фактура, а тоа значи крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Оваа е-фактура како процедура ќе значи да нема фантом фирми коишто 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од Буџетот и од Вас граѓаните, ако добро се применува и се работи во што немам сомневање, така што за да можеме попластично сето тоа да го разбереме можноста да ни се случуваат фантом фирми коишто ќе добиваат поврат на ДДВ и преку ноќ ќе бидат отуѓувани на фантом луѓе повеќе со овој начин на функционирање ќе биде тешко или речиси невозможно“, рече тој.

Мицкоски кажа дека овој процес почнал уште во 2015 година.

„Јас имам некоја меморија дека таму некаде 2015 година се започна овој процес, за нас од нејасни причини зошто тој беше континуирано, како да кажам беше одложуван, но сфативме после некои процеси коишто овој изминат период ги откривме и отвориме зошто бил одложуван. Еве конечно денес после повеќе од 10 години добива почеток и од она што го добивме на брифингот пред оваа прес-конференција е дека првиот кик оф, значи почнувањето со софтвер компанијата за имплементација ќе почнат 1 јули“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Нема да дозволиме Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава

Објавено пред

Демократската унија за интеграција го осудува најновиот пример на намерна и систематска дискриминација на Албанците во државните и јавните институции.

dobivaj vesti na viber

Само во еден случај, велат од партијата на Ахмети, во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, биле реализирани 19 унапредувања, од кои 18 за Македонци, 1 за Турчин, а ниту едно за Албанец.

Ова, додаваат од ДУИ, е јасен показател за етничка исклученост и повреда на уставниот принцип за правична и соодветна застапеност, како и доказ за континуитетот на дискриминаторските политики што ги спроведува оваа влада.

„Оваа влада секојдневно дејствува како режим на етничка изолација, претворајќи ги јавните институции во ѕидови за Албанците. Наместо еднаквост, се спроведува исклучувачки систем кој унапредува само етнички селектирани лица, ги игнорира албанските професионалци и им ја ускратува можноста за професионален и институционален напредок. Сè започна со неуставното укинување на балансерот од страна на Уставниот суд, со цел да се создадат услови Албанците да бидат третирани како непожелни во државната и јавната администрација“.

Упатуваат апел до сите институции за транспарентност и одговорност и порачуваат дека ДУИ нема да дозволи Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДУИ: Нема да дозволиме Албанците да бидат третирани како граѓани од втор ред во сопствената држава

Демократската унија за интеграција го осудува најновиот пример на намерна и систематска дискриминација на Албанците во државните и јавните институции....

Македонија1 час

Муцунски: Од позиција на климање со глава, се вративме на патот на самопочит и влијание

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се одржа прес-конференција по повод една година од мандатот на Владата. Во...

Македонија3 часа

Ризик од појавa на пожари поради високите температури: МЗШВ апелира на претпазливост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на...

Економија4 часа

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита...

Македонија4 часа

Се очекува Македонија годинава да ја посетат 1,5 милиони туристи, најбројни се гостите од Турција

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од...

Македонија5 часа

Казни и до 2.000 евра: МВР со потсетување на целосната забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Македонија6 часа

Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при...

Свет6 часа

Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа...

Свет6 часа

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може...

Свет6 часа

Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел...

Свет6 часа

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до...

Свет6 часа

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија17 часа

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија21 час

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија23 часа

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет1 ден

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија1 ден

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...