Македонија
Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за укинување на визите од 19 декември
Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата со која се препорачува укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19 декември годинава, наместо на 1 јануари 2010 како што предложи Европската комисија
Известувачот на Европскиот парламент за визната либерализација, словенечката европратеничка Тања Фајон ја прочитала одлуката во која се вели дека Македонија, Србија и Црна Гора ги исполнуваат сите услови за укинување на визите. Таа изразила задоволство од скорешното укинување на визите за трите земји, чии граѓани, како што посочи, досега беа поизолирани и со поограничени права и слобода на патување од времето на поранешна Југославија. Резолуциите на Европарламентот не се обврзувачки, но имаат политичко влијание при носењето на одлуките во ЕУ.Конечниот збор за симнувањето на шенгенската визна бариера за Македонија, за Србија и за Црна Гора треба да го дадат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ на 30 ноември. Одлуката не се носи со консензус туку со квалификувано мнозинство, односно треба да ја поддржат две третини од земјите членки на Унијата. Доколку биде усвоена, одлуката треба да биде објавена во службениот весник на ЕУ, а вообичаено согласно правната процедура, стапува во сила 20-от ден од објавувањето.ЕК на 15 јули препорача укинување на визната бариера за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора. Со тоа, државјаните на трите земји веќе нема да мора да поминуваат низ долготрајните процедури за добивање визи и ќе можат слободно да се движат во државите од Шенгенскиот договор. Се оценува и дека олеснетото патување во ЕУ значајно ќе придонесе и кон процесот на евроинтеграција на земјите од Балканот.Од Министерството за надворешни работи одлуката на Европскиот парламент ја оценија како поззитивна и сметаат дека тоа е еден голем чекор напред.На денешниот брифинг во министерството за надворешни работи потпаролот на министерството Петар Чулев и шефот на македонскиот преговарачки тим Агнеса Руси објаснија дека со оваа резулуција во период од 180 дена секој граѓанин има право да помине 90 дена во шенген зоната. Подолг престој е прекршок и соодветно ќе се санкционира. Тие дообјаснија дека граганите кога ќе патуваат пожелно е со себе да носат доволно средства, договори за хотелско сместување или гарантно писмо зашто може да им биде побарано. Исто така граѓаните ќе мора да плаќаат туристичко осигурување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

