Македонија
Скопскиот градоначалник го почна доделувањето на четири илјади садници
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ги додели првите садници на куќните совети, месни заедници, културни, здравствени, образовни и јавни установи, како и на верските објекти, кои се пријавија во акцијата на Градот Скопје за доделување на вкупно четири илајди садници
„На повикот што Градот Скопје го објави пред еден месец пристигнаа 240 пријави од заинтересираните субјекти и тоа, 16 барања од месни и урбани заедници, дваесет од училишта и градинки, шест здравствени објекти, 15 пријави од верски објекти и 183 пријави од куќни совети. Пријавените ќе добијат најмногу десет дрвца од вкупно 35 видови зимзелени, листопадни дрвја и грмушки. Оваа акција во голема мера придонесува за зазеленување на Скопје, а стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“ во наредниот период ќе ги контролираат засадените садници во оваа акција за да се уверат дали успеале. Денеска ја промовираме и новата машина за корнење пенушки која е наменета за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“. Машината во истовреме е и ровокопач и утоварувач и е прва машина од таков тип со која ќе располага ЈП „Паркови и зеленило“. До крајот на годинава очекуваме да пристигнат уште 4 нови машини кои ќе ја олеснат работата на ЈП „Паркови и зеленило“ – рече градоначалникот Коце Трајановски на доделувањето на првите садници од оваа акција.Овие фирми иинституции може да си ги подигнат садниците до 30 ноември во просториите на „Флораком“ во расадникот во Бутел и во ЈП „Паркови и зеленило“, во расадникот „Парк“.Акцијата за доделување садници Градот Скопје ја организира традиционално, повеќе години, напролет и наесен. За во 2010 година за организирање на оваа акција во градскиот Буџет се планирани два милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

