Македонија
Хуманитарна тортијада во Скопје
Голема интернационална тортијада Interscopecakes 2009, ќе се одржи во просториите на Младинскиот културен центар, во сабота
На Интернационалната тортијада Interscopecakes 2009 ќе учествуваат мајстори за торти од повеќе земји како: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Турција и Црна Гора и Македонија, информираат од Град Скопје.
Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории: аматерска, во којашто ќе учествуваат граѓани од земјите поканети на оваа манифестација, кои не се занимаваат професионално со изработка на торти и професионална, кадешто учество ќе земат слаткарници и ресторани од земјава и странство кои се регистрирани за вршење на таа дејност.
Во рамките на Interscopecakes 2009 , ќе се одржи и трибина на тема Украсување на тортите со или без вештачки и растителни украси.
Вечерта тортите ќе бидат изложени во просториите на дискотеката Хард рок и истите ќе им бидат претставени на поканетите ВИП гости и граѓани. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе ги прогласи победниците и ќе им ги доделен наградите.
Манифестацијата има оценувачко-ревијален и забавен карактер, а за победниците се предвидени и награди за трите најдобро изработени торти.
Интернационалната тортијада има хуманитарен карактер, па затоа тортите ќе бидат лицитирани, а собраните средствата обезбедени преку лицитацијата, како и средствата собрани од влезниците за настанот што чинат само 200 денари, ќе бидат донирани за децата без родители од Детското С.О.С село. Манифестацијата е во организација на Град Скопје, невладината хуманитарна организација ХОА-Ангелчиња и Младинскиот културен центар, а ќе трае два дена.
На 15 ноември 2009 година , во рамките на оваа манифестација, за сите учесници, гости и заинтересирани посетители, ќе биде организирано разгледување на кањонот Матка и панорамска туристичка тура за разгледување на знаменитостите на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

