Македонија
Изгоре бараката на „Самарија“ која правеше измами со станови
Во петокот изгоре бараката во која е сместена „Самарија“, чија сопственичка Лујза Миновска издржува затворска казна од 4,5 години во Идризово, заради измама во продажба на станови. Полицијата го распрашува нејзинито син, кој подолго време бил во рапсравии со таткото
Пред три дена околу 17 часот пред објектот на улицата „Антонио Грубишиќ“ бр. 2-А Скопје, во бараката сопственост на С.В., во која под закуп е сместена фирмата ДООЕЛ „Самариа Инжинеринг“ сопственост на Спасе Миноски од Скопје, непознат сторител извршил кривично дело „Предизвикување на општа опасност“. Според Министерството за внатрешни работи пожарот и претходно бол подметнат, а најверојатно во петокот сотиртелот тоа го сторил употребувајќи лесно запалив материјал којшто го поставил во канцеларијата на јужната страна низ ходникот до влезната врата на бараката каде најверојатно со употреба на отворен оган материјалот го запалил по што го напуштил местото на настанот и се упатил во непознат правец. Од настанатиот пожар изгорел еден тросед и дел од ламперијата, а истиот околу 19:10 часот бил целосно изгаснат, откако претходно Миноски го пријавил пожарот но не ја пријавил штетата. Полицијата отфрлила дека пожарот избувнал заради струја, зато ашто таа била исклучена пред три месеца.Во петокот повторно избувнал пожар во бараката во која по кажување на сопственикот струјата била исклучена околу три месеци. Од пожарот целосно е опожарен инвентарот во двете канцеларии од бараката, кујната, двата тоалети, делумно е опожарена кровната конструкција од лим и салонитни табли, дрвените прозорци од бараката, како и настрешницата изработена од лим и пластична ламперија. Во непосредна близина на бараката од настанатиот пожар делумно е опожарено патнично моторно возило марка “лада 2104“ со скопски регистерски ознаки, сопственост сосед, а опожарени се и две дрвени бандери сопственост на Телекабел. Од пожарот е причинета материјална штета, која дополнително ќе биде утврдена. Пожарот е изгаснат од противпожарните екипи по што во текот на денот од страна на увидна екипа од ОКТ при СВР-Скопје е извршен увид на лице место.Во врска со двата пожари во Полициската станица Центар е приведено едно лице, з акое дознаваме дека станува збор за синот на Миноски, кој подолго време бил во расправии со таткото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.
Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.
Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.
Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.

