Македонија
Избор на најдобар угостителски објект во Скопје
Во понеделник во Музејот на Град Скопје, во 11 часот, скопскиот градоначалникот Коце Трајановски, свечено ќе им ги врачи наградите на сопствениците на шестте најдобри угостителски објекти за 2009 г.
Во рамки на Манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2009“, годинава беа испитувани и оценувани околу стотина објекти по случаен избор, а со плакети ќе бидат наградени по три во двете категории, најдобар угостителски објект и најдобар ресторан на територијата на Скопје.Фунцкионирањето на објектите беше следено од 15 октомври до 15 ноември, а се испитуваа понудата и квалитетот на угостителите во градот. Испитувањата се спроведуваат според неколку критериуми меѓу кои: прв впечаток или контакт, изглед на објектот, изглед на внатрешниот простор, изглед на барот, услугата на келнерите, квалитетот на храната и завршен контакт. Испитувањата ги спроведуваа членови на агенцијата „SWOT – Research”, коишто во текот на испитувањето имаа за задача трипати да посетат еден ист објект. Од трите оценки на тајните купувачи (mistery shoping) се изведува средна којашто е финална.Манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2009“ се одржува вторпат, а е во организација на Градот Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

