Македонија
Почна средбата Папандреу – Груевски
Половина час пред најавениoт термин во Пили, Мала Преспа, почна средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер
Извори од двата премиерски тима велат дека средбата ќе трае околу 40 минути со единствена тема – разликите околу постигнувањето договор за уставното име на Република Македонија.Претходно во Еколошкиот центар на Националниот парк Мала Преспа, се одржа состанок на кој се разговараше за климатските промени и заедничките активности на трите држави во оваа сфера. Ова е втора средба на Груевски и Папандреу за помалку од еден месец, по нивниот неодамнешен кус состанок во Брисел.Се очекува средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер да ги подобрaт односите меѓу двете држави, но не се очекува решение на долгогодишниот спор за името, ниту посериозен напредок, велат дипломатски извори од двете страни. Грција инсистира на решение на прашањето за името за продолжување на евроинтеграцијата на Македонија, која од Европската комисија веќе доби препорака за отпочнување преговори.Грчките официјални претставници за денешната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу велат дека е добар почеток. Според претставниците на грчките медиуми присутни во Пили, Атина не очекува некој позначаен напредок во спорот за името, туку подобрување на атмосферата меѓу двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

