Македонија
Почнува изборот за најубави новогодишни украси во Скопје
Од денес почнува традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, која треба да ја поттикне инвентивноста и креативноста на граѓаните за разубавување и украсување на домовите и деловните простории
Заинтересираните граѓани и правни субјекти, кои имаа желба да учествуваат во оваа манифестација, можат да се пријават на телефонскиот број 329 72 65, од 1-ви до 21-ви декември, во периодот од 9 до 16 часот. Фотографии од украсените објекти заедно со податоци за името и презимето на сопствениците, телефонскиот број и адресата, можат да се испраќаат на е-маил адресата [email protected] или на адресата улица Илинден бб, со назнака за акцијата “Новогодишните бои на Скопје“.Оваа година, традиционално, ќе се избира: 1. Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа; 2. Најубаво украсен прозорец или тераса од стан; 3. Најубаво украсен деловен објект (продавници, ресторани, кафулиња); 4. Најубаво украсен двор на средно училиште, и од оваа година се воведува нова категорија; 5. Најубаво украсен влез пред колективно домување/станбена зграда.Жирито кое ќе ги оценува пристигнатите пријави ќе биде составено од претставници на медиумите.Град Скопје обезбеди фонд од награди што ќе им бидат доделени на најуспешните, а спонзорите ќе го зголемат наградниот фонд.Спонзори на манифестацијата се ЕВН-Македонија кој ќе им додели вредносни ваучери на победниците во сите категории, во висина на сметката за декември 2009 г., вредносни награди ќе доделат и Дијагностика Фармахем-Скопје, како и претпријатието ФАС ВАС од Скопје.Наградите ќе ги додели градоначалникот Коце Трајановски, со претставници од фирмите-спонзори, на крајот од месец декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

