Македонија
Бесон: Младите Македонци ќе можат да се усовршуваат во Франција
Македонија може постојано да смета на поддршката од Франција во евроинтеграциските процеси бидејќи нејзината иднина е во Европа, порача денеска францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон
Тој во земјава пристигна еден ден по одлуката за укинување на визите за македонските граѓани, да потпише договор за мобилност на младите.„По укинувањето на визите за Балканот, што е важна етапа од евроинтеграциските процеси, сакав да дојдам веднаш за да потпишам договор за мобилност на младите, кој ќе ја зајакне мобилноста на студентите, младиот професионален кадар и практикантите кои посебно ќе бидат третирани од страна на Франција за да добијат пристап до пазарот на труд“, изјави министерот Бесон по потпишување на договорот со премиерот Никола Груевски.Според Бесон, договорот нема да значи одлевање на мозоци, туку спротивно младите со можноста за студирење, но и за обука да можат да ја изградат својата европска иднина.Премиерот Груевски го оцени договорот како важен, кој се надоврзува на визната либерализација и ги охрабрува младите за привремена професионална миграција, поттикнувајќи го истовремено враќањето на стекнатото знаење во Македонија.„Целта на договорот е да се постигне мобилност на младите како фактор за економски, социјален и културен развој и да се зголемат можностите за младите луѓе од двете држави меѓусебно да ја запознаат културата, начинот на животот на двете држави низ разни активности како што се студии, обуки и друго“, изјави Груевски.Договорот, како што рече, претставува основа кој натаму треба да се развива, а со негово проширување ќе се овозможат услови за се поголем број млади да се стекнуваат со искуства во Франција и во Македонија.Со договорот Фрација се обврзува да обезбеди 250.000 евра годишно за стипендии на младите студенти, за пристап до инженерските училишта, но и за олеснување на пристапот до работни места и во двете земји со цел стекнатото професионално искуство во Франција да го применуваат во Македонија.Ерик Бесон денеска се сретна со Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, како и со заменик-претседателот на владата задолжен за европски прашања, Васко Наумовски. Главна цел на посетата е потпишување на билатералниот договор за мобилност на младите, кој беше договорен при неговата средба во Париз со Груевски, 15 мај годинава.Договорот им ја отвора можноста на младите македонски студенти, практиканти и млад професионален кадар, по завршувањето на студиите да престојуваат во Франција во период од една година, за да го докомплетираат своето образование или да се стекнат со првото искуство на професионален план. Договорот е израз на желбата да се прошири полето на визната либерализација за краток престој (90 дена) со цел да се поттикне вклучувањето на младите во европските текови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.
На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.
„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.
Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.
Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

