Македонија
Џенкинс: Австралија не го менува ставот за името
„Се’ е можно, меѓутоа малку е веројатно“, вака претседателот на претставничкиот дом на парламентот на Австралија одоговри на прашањето дали е возможно да се покрене иницијатива за признавање на Република Македонија под уставното име од страна на австралиските власти
„Ставот на Австралија е историски став. Нашата позиција како држава од регионот на Азија и Пацификот и секое наше мислење малку е веројатно дека ќе може да помогне во решавањето на ова прашање“, одговори Хери Џенкинс на прашањето на македонските новинари.На прашањето зошто Австралија Македонците ги нарекува словомакедонци и потпаѓа под влијанието на грчкото лоби, Џенкинс вели:„Можам да кажам дека во однос на ова прашање сите поединци во Австралија имаат да се самоидентификуваат на начин на којшто сакаат да се идентификуваат без разлика на различните изјави што можат да се чујат. И она што најчесто им го кажувам на Македонците во Австралија, е дека всушност понекогаш од ништо правите проблем, всушност играте во полза на вашиот противник“, одговори претседателот на претставничкиот дом на парламентот на Австралија.Џенкинс утрово имаше средба со претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељановски, а за попладне е најавена средба и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

