Македонија
Натпревари во спортско качување во Скопје
Возбуда и многу адреналин. Сето ова може да го доживеете на натпреварот во спортско качување што денеска се одржува во спортската сала на Машинскиот факултет во Скопје. Вкупно 26 натпреварувачи поделени во машка и женска конкуренција се борат за титулата Шампион на Македонија
Во Македонија повеќе од 14 години постои лигата во Спортско качување на вештачки карпи. Во Скопје натпреварите веќе 10 години се оддржуваат во салата на Машинскиот факултет во Скопје, а натпревари се одржуваат и во Битола, Струмица, Штип и Прилеп. Низ земјата функционираат вкупно 7 клубови во овој спорт.“Во последно време има поголем интерес. Искрено да ви кажам, Владата малку помогна за афирмацијата на овие помалку популарни, екстремни спортови. Тие не поддржаа и почнаа родители да доаѓаат со деца, за разлика од порано кога тоа беше утопија. Немаше шанси мали деца да дојдат. Сега родителите доаѓаат, ги носат на тренинг. Имаме околу 50 натпреварувачи на сите натпревари, што е добро.“, вели Владимир Трповски, Претседател на Спортско качувачка Асоцијација при Федерација на планинарски спортови на Македонија.На денешниот натпревар учествуваат вкупно 26 натпреварувачи на возраст од седум до 37 годишна возраст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

