Македонија
На инфективните одделенија во Скопје хоспитализирани нови 23 пациенти
Дваесет и три лица заболени од новиот грип А(H1N1) се примени на инфективните одделение и болниците во Скопје во изминативе 24 часа, информираат од Министерството за здравство, а вкупно се лекуваат 162 пациенти
Во текот на последните 24 часа, на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 11 нови пациенти сомнителни за новиот тип свински грип а во моментот на неа се лекуваат 93 пациенти.Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај двајца пациенти, кои имаат потешка форма на пневмонија и се поставени на респиратор, информираат од Министерството за здравство. На инфективното одделение во Воената болница е хоспитализиран само еден пациент, а вкупно се хоспитализирани 22 лице со симптоми на грип.На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани шест нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 56 пациенти со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, кои имаат потешка форма на пневмонија. На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште пет нови пациенти со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 47 деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

