Македонија
Презентирана првата Коалиција за безбедни играчки
Македонските пазари се’ повеќе се преплавени со играчки што содржат големо количество хемикалии, како што се арсен, олово и кадмиум, кои се штетни по здравјето на децата, беше соопштено на На официјалното формирање на Коалицијата за безбедни играчки, во попнеделник
Во понеделник иницијаторите за формирање Коалиција за безбедни играчки нагласија дека родителите треба да бидат попретпазливи во купувањето на детските играчки. Тие апелираат надлежните повеќе да вршат инспекциски контроли по пазарите, бидејќи во државата се’ уште не постои лабораторија за испитување на потеклото на детските играчки.„Ваквите играчки се многу штетни по здравјето на децата, сметам дека во екот на новогодишните и божикни празници кога најмногу се купуваат играчки, треба да се зајакнат инспекциските контроли, бидејќи децата се ранлива категорија, и ваквите играчки можат да предизвикаат сериозни болести од типот на рак, развојни пореметувања, пореметување на хормоналниот систем“, изјави Наташа Дуковска координатор на коалицијата.Оваа коалиција има за цел да апелира за опасните хемикалии во играчките, ќе се залага за целосна имплементација на законодавството, обезбедување на декларација со знакот СЕ, како и безбедно уништување на штетните играчки.Според германските статистики 18 проценти од децата до двегодишна возраст имаат проблеми со слухот, како последица од големо присуство на арсен и кадмиум, како и на прегласните звуци.,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.

