Македонија
Уставниот суд со зголемен обем на работа во 2009-та година
Уставниот суд имал зголемен обем на работа во годината што изминува, што е тренд и во минатите 10 години
Како што информираат од Уставниот суд, бројот на предмети, на оценки на уставноста на законите, бројот на укинати и на поништени противуставни прописи по кој одлучувал судот од година во година се зголемува.Според бројките, презентирани во вторник, бројот на примени предмети во 2009 година изнесувал 280, наспроти 205-те примени во 2002 година. Во годината што изминува, во работа се 415 предмети, наспроти 296-те предмети во 2000 година. Зголемување се бележи и во бројот на оценки на уставноста на законите. Во 2009 година судот укинал 40 закони и нивни одредби од вкупно донесените 65 интервентни одлуки, наспроти 13-те укинати закони и нивни одредби од вкупно 40 интервентни одлуки во 2000 година.„Заклучоците што можат да произлезат од таквите податоци се разновидни и многубројни, што во основа се однесуваат на бројни субјекти и упатуваат на развојот на правната држава и не само на неа. Во основа укажуваат и на степенот на остварувањето на Уставот и неговата заштита“, изјави Трендафил Ивановски, Претседател на Уставниот суд.Ивановски додава дека „со почитување на Уставот се обезбедува правна сигурност, стабилност на системот и неговите институции и се гради доверба во државата“.Уставниот суд, во годината што изминува, одржал 42 седници на кои биле разгледувани вкупно 415 прашања.Од таму информираат и дека за нивната работа има зголемен интерес во медиумите. Во 2009 година се објавени 1.280 информации во медиумите и 521 текстови за работата на судот, што е зголемување во однос на 2008 година, кога биле објавени 440 информации и 270 текстови. Најголем интерес кај новинарите имало за оценувањето на уставноста на верското образование во основните училишта, како и за екстерното оценување на учениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

