Македонија
За празниците дежурни поликлиники a редуциран градскиот сообраќај
Повеќето продавници и банките нема да работат на првиот и на вториот ден од новата година. Со изменет возен режим ќе сoобраќаат и градските автобуси во Скопје
Во текот на новогодишните и божикните празници граѓаните 24 часа ќе може да добијат здравствени услуги во дежурните поликлиники „Ѓорче Петров“, „Бит-пазар“, „Јане Сандански“, „Драчево“, „Ченто“, „Чаир“, „Шуто Оризари“ и детското одделение во поликлиниката „Букурешт“. За празниците редовно ќе работат и службите за итна медицинска помош, за домашна посета и ноќната служба.За време на празниците ќе бидат отворени и дежурните аптеки кои вообичаено работат по 24 часа, а некои ќе работат со нормално работно време. За набавка на основните продукти денеска ќе работат маркетите. „Тинекс“ маркетитет ќе работат од 8 до 18 часот, а во првиот ден од 2010 година ќе останат затворени, додека „Веро“ денеска ќе работи вообичаено до 21 часот, а на 1 и 2 јануари нема да работи. Со нормално работно време денеска и на 2-ри ќе работат и продавниците на „Жито лукс“, утре ќе останат затворени заради попис.Дел од банките покрај на утрешниот ден нема да работат и на 2 јануари, додека денеска ќе работат со скратено работно време.Изменет возен ред е најавен и за градските автобуси. Тие ќе се држат до возниот ред за празничните денови и за неделите, а на 1 во сообраќај ќе се вклучат во 7 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

