Македонија
Пуштена во употреба салата „Независна Македонија“
Салата „Независна Македонија е 17-та по ред сала од проектот на Владата, “35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта“ која што во сабота беше свечено беше пуштена во употреба
Независна Македонија се наоѓа во склоп на основното училиште „Невена Георгиева- Дуња“ и истата има капацитет од 500 седишта, а опремена е со најсовремена опрема за повеќе видови спортови. Салата свечено ја пуштија во употреба премиерот Никола Груевски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски.”Овој проект е исклучително значаен за сегашноста и за иднината на нашите млади поколенија со цел да се оттргнат од пороците и да се насочат кон спортот, здравата конкуренција, но и кон она што гради здрав дух и тело, а тоа е спортот.“ изјави премиерот Груевски во својот говор. Манифестацијата за пуштање во употреба на салата беше следена од повеќе граѓани, пратеници, како и претставници на Македонската православна црква кои извршија пригодна литургија.Општина Кисела Вода отсекогаш имала големи спортски таленти како Пеце Наумовски, Дарко Панчев. Со изградбата на оваа сала се создава база за изградба на нови спортски таленти“ изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. Салата е заеднички проект на Владата на Р. Македонија, Општина Кисела Вода, и Агенцијата за млади и спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

