Македонија
Јанкулоска: Опозициските напади за „полициска држава“ ги сфаќам како рецидив од минатото
Целосна инплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде во фокусот на интересот на МВР во 2010 г. Особено внимание ќе биде посветено на новиот концепт кој првпат се воведува со овој Закон, а тоа е системот на кариера, нагласува министерката Јанкулоска, во интервју за МИА
Во однос на обвинувањата кои се појавуваа за милитаризација на земјава, министерката Јанкулоска меѓу другото потенцира дека модернизацијата на полицијата таа ја гледа како обезбедување услови за поефикасно спроведување на законите„Опозициските напади за наводно создавање „полициска држава“ ги сфаќам единствено како рецидив од минатиот систем и непрепознавање на модерните текови во борбата против криминалот, вели Јанкулоска во интервјуто за Македонската информативна агенција МИА.Таа гарантира нулта теолеранција и уште пожестока и бескомпромисна, неселективна борба против организираниот криминал во Новата година. „Навистина сега е малку апсурдно тоа што истите тие што или не гледаа или не сакаа да видат криминал во бројните афери сега се обидуваат преку наводни „експертски мислења“ да прикажат дека сме биле исти. …… Морам да кажам дека тука сме целосно различни, нагласува миностерката. Справувањето со криминалот во сопствените редови, појаснува, е предуслов за враќање на угледот на полицијата. По добиената визна либерализација на Република Македонија и потребата за издавање биометриски пасоши, со создадоа долги редици на шалтерите на МВР за промена на личните документи. За тоа Јанкулоска меѓу другото појаснува дека голем дел од потешкотиите се предизвикани и од техничките карактеристики и капацитетот на системот.„Факт е дека со изменетата ситуација постојниот систем се покажа како недоволен, така што ја повикавме фирмата „Гисеке и Девриент“ со која е склучен 10 годишен договор да предложат решение. Предлогот го очекуваме до крајот на јануари и доколку е прифатлив веднаш ќе пристапиме кон проширвање на капацитетите“, информира министерката за внатрешни работи во интервјуто за МИА.На новинарско прашање дали МВР е доволно транспарентно во своето работење и како гледа на се почестите напади врз новинарите, министерката Јанкулоска нагласува дека го осудува секој притисок врз независното новинарство.„Никој не е безгрешен. Ниту ние, ниту медиумите. Сепак треба да се има доблест и кога ќе се констатира грешката да следува извинување и корекција. Само така се гради партнерство и доверба“, вели во интервјуто, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

