Македонија
Груевски: Ахмети нема побарано реконструкција
Коментирајќи ги информациите за скорешни промени во владиниот кабинет, Груевски во петок изјави дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети од него нема побарано реконструкција на Владата
„Ахмети нема побарано такво нешто. Тоа што го читам низ весниците е дека некој од министрите можеби ќе поднел оставка. Доколку поднесе, тоа е негово право. Не можеме да го спречиме“, кусо одговори Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е закана за безбедноста на граѓаните
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ.
„Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите. Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен. Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла. Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла. Но, поради неспособноста на надлежните, сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди. Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик“, пишува во соопштението на опозициската СДСМ.
Македонија
(Фото) Се чистат улиците, автобуските постојки и пешачките патеки во Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на ФБ објави дека повеќе од 7 часа активно се чистат улиците во општината. Тој посочи дека поради интензитетот на врнежите од снег активностите се уште траат и ќе продолжат и во текот на денот.
„Изминатите часови се изврши чистење на улици во Автокоманда, Црешево, Железара, Смилковци, Виниче, Триангла, Трубарево, Булачани, Раштак, Ченто и други населени места. Од рано утрово на терен се приклучија и екипите на ЈКП Гази Баба кои вршат чистење на автобуските постојки и пешачките патеки низ општината. Од почетокот на акцијата до сега по улиците низ Гази Баба се растурени повеќе од 30 тони сол и ризла“, напиша Стефковски.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Центар подготвен за снегот, улиците се расчистуваат од ноќеска
Општина Центар подготвено ги дочека денешните снежни врнежи, објави на ФБ, градоначалникот Горан Герасимовски.
„Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки”, вели Герасимовски.
Во објавата се додава дека „Општина Центар е во постојана комуникација со граѓаните од сите населби на својата територија и продолжува со координација со градските служби за навремено и ефикасно справување со сите предизвици што ги носат снежните врнежи“.