Македонија
ИРИ: Власта со 30, опозицијата со 12 отсто поддршка
Според најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) која треба да биде објавена денеска, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 30 отсто. Втора е опозициската СДСМ со рејтинг од 12 проценти
.Анкетата е спроведена во периодот од 17 до 22 декември на 1105 испитаници и тоа на терен. Според податоците, владејачката партија и СДСМ ги задржуваат своите рејтинзи во последните шест месеци со флуктуации од еден до два проценти во редица месеци. Анкетата покажала дека партнерот на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, има рејтинг од осум проценти. ДПА на Мендух Тачи е единствената партија која бележи пораст во рејтингот според кој минатиот месец ја поддржале 6 отсто од испитаниците. Нова демократија има поддршка кај три отсто од гласачите, а ЛДП кај еден процент. Партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија, и Либералната партија иако биле дел од анкетата, сепак имаат рејтинг нула. Три отсто поддршка добиле останатите помали партии, додека 21 процент од испитаниците биле неопределени. Зачленувањето во ЕУ го поддржуваат 94 проценти, додека, пак, влезот во НАТО 91 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

