Македонија
Маневски: Не постои забрана за коментирање на одлуките на Уставниот суд
Нема никаква забрана која вели дека одлуките на Уставниот суд не може да се коментираат. Но, одлуките мораат да се извршуваат, вели министерот за правда Михајло Маневски во интервју за Радио Слободна Европа
„Нема одлука на ниеден орган, па и на Уставниот суд, кои не може да бидат коментирани од научната и стручната јавност, па и од граѓаните, зашто сепак со одлуките на судот се допираат и правата и слободите на граѓаните. Нема никаква забрана во ниеден закон, па ни во Уставот, дека одлуките на Уставниот суд не може да се коментираат. Едно е сигурно, а тоа е дека одлуките на Уставниот суд мора да се извршуваат, значи не може да има разговор околу тоа дали ќе се извршуваат или не тие одлуки. Едноставно, тие се извршуваат без каков било приговор и тоа е функција што треба да ја оствари владата, во рамките на нејзините надлежности“, вели министерот за правда, Михајло Маневски за радиото. На забелешките на сметка на функционалноста и независноста на судството што доаѓаат од европските институции, Маневски вели:„Секогаш тука има можност да се направи повеќе. И во јакнењето на самостојноста, на ефикасноста на судскиот систем, на ефективноста на работењето, намалување на времетраењето, јакнењето на одговорноста во вршењето на судската функција. Значи, тоа е еден процес кој е контролиран од граѓаните. Така, на пример, во 2006-та година судовите имале над милион и 700 илјади предмети, а сега имаат за 400 илјади помалку“, вели Маневски за Радио Слободна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

