Македонија
Пахор на Груевски му понудил посредување во спорот со Грција уште во март
Словенечкиот премиер на својот домаќин во Скопје му понудил посредување во разговорите со грчката страна во спорот за уставното име, a директната средба би се одржала во Словенија во март
Како што јави вечерва Словенечката телевизија повикувајќи се на неофицијални извори, словенечкиот премиер Борут Пахор при денешна посета на Скопје на македонскиот премиер Никола Груевски му понудил посредување во разговорите со Грција, откако Атина одбила тоа да се надмине со арбитража, како што Пахор се договори со хрватската премиерка Јадранка Косор.Според словенечките коментатори, со успех на оваа иницијатива, Словенија би ја зајакнала својата улога во регионот. Директната средба меѓу макеоднските и грчките претставници со словенечко посредство, според словенечката државна телевизија, би се одржала уште во март во Брдо крај Крањ, на самитот на лидерите на државите од западен Балкан и Европската Унија.Пахор рече дека не се сомнева во капацитетите на македонскиот премиер Никола Груевски да ги води преговорите со Атина, но дека Слвоенија е подготвена во секој момент да ппомогне ако тоа се побара од неа. Тој денеска напладне на прес-конференцијата во Владата на Република Македонија нагласи дека сега е момент на пресврт за Македонија да го реши спорот за нејзиното име со што ќе напредува во евроатлантските интеграции. Пахор направи паралела со компромисот кој го направи Словенија со Италија, при нејзиниот влез во ЕУ. Во недела и Австрија се понуди за медијатор во решавањето на спорот околу името меѓу Македонија и Грција. Министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер во интервју за државната телевизија ОРФ изрази уверување дека уште во текот на пролетта ќе биде изнајдено решение за овој проблем.. Министерот Михаел Шпинделегер најавил дека со грчки официјални преставници наредната седмица во ЕУ ќе почне иницијатива за Западен Балкан, при што додал дека целта е државите од регионот, посилно отколку досега да учествуваат во ЕУ односно да и’ се приближат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

