Македонија
Грција ги поднесе своите контра-аргументи за тужбата од Македонија
Грција ден пред истекувањето на рокот до Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги доставила своите против-аргументи по тужбата што против неа ја поднесе Македонија за кршење на Привремената спогодба од 1995 г. со блокирањето на македонската покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт
Меморандумот со грчката одбрана го поднесле застапникот на Грција, амбасадорот Јоргос Савадис и правниот советник во министерството за надворешни работи, Марија Телалијан. Во него, како што соопштило грчкото министерство, се содржани правни, политички и историски аргументи кои целосно ги негираат македонските тврдења, пренесоа грчките медиуми. Република Македонија своите докази во прилог на тужбата ги поднесе на 20 јули 2009 г., по што на Атина и’ беше оставен шестмесечен рок на Грција за подготовка на нејзината одбрана. По добивањето на доказните материјали, Судот ќе изврши консултации со двете страни и ќе одлучи кога ќе почне постапката. Писмените поднесоци остануваат доверливи се до евентуалниот почеток на усната расправа. Македонската страна во Хаг ја застапуваат министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и амбасадорот во Холандија Никола Димитров. Двете земји имаат и свои ад-хок судии. За Македонија тоа е хрватскиот професор Будислав Вукас, а за Грција професорот по меѓународно право од Атинскиот универзитет Емануел Рукунас. Македонија поднесе тужба против Грција во Судот во Хаг на 17 ноември 2008 г. со образложение дека Атина со блокадата на македонското членство во НАТО го нарушила член 11 од билатералната Привремена спогодба од 1995 г. Од Меѓународниот суд на правдата се бара да и наложи на Грција да ги почитува своите обврски предвидени од Привремената спогодба, која е правно обврзувачка за двете земји. Македонскито министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, запрашан за оваа тема, недоамна рече дека државата е нема намера да ја повлече тужбата против Грција. Официјална Атина најавува дека својата одбрана ќе ја базира на тоа дека на самитот на НАТО во Букурешт немало вето, туку консензус меѓу државите членки да се одложи приемто на Македонија до решавањето на спорот за името. Грција тврди дека има контра-аргументи со кои ќе се обиде да докаже дека Македонија била страната што ја прекршила Привремената спогодба. Според досегашната практика на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, постапката за вакви спорови може да трае и неколку години. Пресудите што ги носи Судот се конечни и правно обврзувачки, а за нивното спроведување и почитување надлежен е Советот за безбедност на ОН. Од формирањето во 1945 г., Судот во Хаг кој е главен судски орган на Обединетите нации, досега се произнесувал со необрзувачки мсилења за 25 меѓудржавни спорови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

